Тејлор Свифт ја завршува својата година со уште едно светско признание: Еден од најголемите светски медиуми, Тајм магазинот (Time magazine), ја прогласи мега ѕвездата за „Личност на годината“ за 2023 година, победувајќи ги Барби и кралот Чарлс III, пишува Си-ен-ен.
Со ова, Тејлор Свифт стана една од светски најпознатите личности во 96-годишната историја на прогласување Личност на годината за 2023 година. Светски престижната титула „Личност на годината“ на Тајм ја носат светски лидери, научници, уметници и низа други славни личности во светот, од 1927 година кога се воведува.
Тејлор Свифт има огромен број признанија. Според Википедија, наградите и признанијата за Свифт вклучуваат 12 Греми награди (Grammy Awards), вклучувајќи три победи за албум на годината, една награда Еми Прајмтајм (Primetime Emmy Award), 40 Американски музички награди (American Music Awards), вклучувајќи го и признанието Уметник на деценијата (Artist of the Decade) во 2010-тите, 40 музички награди Билборд (Billboard Music Awards) и 23 награди на Ем-ти-ви (MTV Video Music Awards). Свифт е филантроп и застапничка на правата на уметниците и на правата на жените.
„Иако нејзината популарност растеше низ децениите, ова е годината кога Свифт (34) постигна еден вид нуклеарна фузија: ги обедини уметноста и шоу бизнисот и ослободи енергија со историска сила“, објави Тајм.
„Свифт е избрана затоа што најде начин да им даде надеж на луѓето ширум светот во едно мрачно време“, пишува Тајм.
Taylor Swift (@taylorswift13) is TIME’s 2023 Person of the Year https://t.co/oyjR55azCZ pic.twitter.com/m2qbIbd5TX
— TIME (@TIME) December 6, 2023
„Никој друг на планетата денес не може да придвижи толку многу луѓе толку добро“, пишува Тајм на своите профили на социјалните мрежи. „Нејзините постигнувања се нешто што честопати го припишуваме на реткоста и фасцинацијата од порамнувањето на планетите и судбините, но давањето преголема заслуга на ѕвездите ги игнорира нејзината вештина и нејзината моќ.
„Ова е најгордото и најсреќното нешто што некогаш сум го почувствувала“, рече Свифт во интервју за Тајм.
И да, таа дури и за прв пат јавно зборуваше за нејзината врска со ѕвездата на Канзас Сити Чифс, Травис Келси. Двојката почна да се дружи откако Келси носеше нараквица за пријателство на неговиот подкаст, за која Свифт рече дека е „метална, по ѓаволите“ и потоа почна да се дружи со него.
„Тука сум само за да го поддржам Трaвис“, рече таа за нејзините настапи на натпреварите во НФЛ, што на некои од нив им даде поттик на рејтингот. „Не сум свесна дали ме покажуваат премногу и не сум тука за да налутам неколку татковци, Бредови и Чадови“.
Дел од неверојатната година на Свифт беше нејзината турнеја „Eras Tour“, која заработи околу 2,2 милијарди долари само од продажба на билети во Северна Америка, според истражувачката компанија QuestionPro.
Свифт доминираше не само во арените со големина на Супер Боул, туку и во локалните кина. Во својот прв викенд, концертниот филм на поп пејачката, „Тејлор Свифт: Турнејата на ерите“, заработи околу 96 милиони долари на кино благајните во Соединетите Американски Држави и Канада, што го прави концертен филм со најголема заработка во првиот викенд на отворањето.
Покрај сето тоа, Свифт го сруши сопствениот рекорд на Spotify со тоа што стана најстримуван изведувач во историјата на стримерот, додека „1989 (Taylor’s Version)“ стана најстриманиот албум на Spotify оваа година.
Во текот на изминатите три години, секој момент кога ќе помислите дека Тејлор Свифт не може да биде поголема отколку што веќе беше, нејзината слава повеќекратно растеше. Во 2023 година, таа експанзија стана уште поголема во однос на старите и новите албуми и меѓународната турнеја на стадионот што целосно ги урна сите рекорди. Тоа ја стави на врвот на светот, а потоа е прогласена и за личност на годината од Тајм, пишува еден од најголемите светски музички магазини Rolling Stone, во кој е објавено едно од ретките интервјуа што ги дава мега ѕвездата Свифт.
„Се чини дека Тејлор Свифт никогаш, никогаш, никогаш нема да се измори од соборување рекорди и создавање историја“, напиша реномираниот Лос Анџелес Тајмс (Lost Angeles Times), по овој голем светски повод.
Понатаму Л. А. Тајмс, истакнува дека магазинот Тајм ја прогласи пејачката на „Карма“ за личност на годината за 2023 година во средата, откривајќи дека таа е и првата жена што се појавила два пати на годишната почесна насловна страница во традицијата што започна во 1927 година.
Свифт (33) ја прогласи за личност на годината на насловната страница и во 2017 година, како дел од „Silence Breakers“ – групата жени кои помогнаа да се поттикне борбата против сексуалното вознемирување и насилство.
Накратко, Тејлор Свифт го предизвика најубавиот планетарен земјотрес што може да се замисли. Титулата „Лице на годината“ од Тајм е повеќе од заслужена. Тејлор Свифт навистина им влеа барем малку надеж на стотици милиони млади луѓе од целиот свет, кои посветено ја слушаат нејзината музика и ги пеат нејзините стихови.
Ќе остане забележана и нејзиниот говор за булингот.
„Знаете, кога некој ве критикува или ќе каже нешто зад вашиот грб, оние зборови што ги кажале за вас, се чувствувате како тие зборови да се напишани по целото лице, насекаде на вас. И тогаш, тие зборови почнуваат да стануваат ехо во вашиот сопствен ум. И тогаш, постои реален ризик тие зборови да станат дел од тоа како се гледате себеси. Во моментот кога ќе сфатите дека НЕ сте мислењето од некој кој не ве познава или не се грижи за вас, тој момент, кога ќе го сфатите тоа, како да сте чисти (Clean)“.
@angclswift “you are not the opinion of somebody who doesn’t know you or care about you” 🤍🫂 | #taylorswift #swifttok ♬ suono originale – alessia⸆⸉ ♡
Овој прилог ќе го завршиме со еден цитат од Тејлор Свифт:
„Што и да се случи во животот, бидете добри со луѓето. Да се биде добар со луѓето е чудесно наследство што го оставате зад себе.“ (No matter what happens in life, be good to people. Being good to people is a wonderful legacy to leave behind – Taylor Swift)
Фронтлајн се придружува кон признанијата што заслужено ги добива Тејлор Свифт, и ја прогласува за прво „Светско лице на годината“ според Редакцијата.
Ѝ посакуваме Среќна Нова Година на Тејлор Свифт и уште повеќе успех во 2024 година, ако такво нешто е воопшто можно.
Среќна Нова и на сите читателки и читатели на Првата линија!
Редакција Фронтлајн во соработка со Нора Дерала (swiftie)