Алесандра Морети, претседателка на Делегацијата на Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација ЕУ-Србија, на социјалната мрежа Х напиша дека е шокирана од она што се случува во Србија и штрајкот со глад на Мариника Тепиќ, пренесува N1.
„Длабоко сум трогната од она што се случува во Србија, каде што илјадници граѓани демонстрираат против наводните изборни измами. Мојата колешка Мариника Тепиќ со денови штрајкува со глад и јас сум крајно загрижена за нејзиното здравје“, напиша Морети.
🇷🇸 I am deeply struck by what is happening in #Serbia, where thousands of citizens are demonstrating against the alleged electoral fraud which, according to the opposition, would have tainted the electoral results [1/3] pic.twitter.com/twU8IWXjnu
— Alessandra Moretti (@ale_moretti) December 31, 2023
Таа додаде дека ја знае силата и решителноста на лидерот на „Србија против насилство“, која бара од Европскиот парламент да ја поддржи истрагата и евентуалното поништување на изборите.
„Верувам дека европските институции имаат должност и задача внимателно да ги следат демократските процеси на земјите како Србија, кои со години бараат членство во ЕУ: демократијата и владеењето на правото се клучни елементи кои не смеат да бидат поткопани од евентуални изборни измами, типични за автократски влади и диктатури“, истакна Морети.
Г. Т.