Пишува: ВЛАДИМИР КОЧОВСКИ
Не, нема да ве давам со пензија, бенифиции, тоа е нешто што по мислење на надлежните не може да го добиеме.
Не може да го добиеме она што сме го имале?!
И во ред е, сега знаеме дека не сме ни заслужиле.
На интервенција се повредува пожарникар.
Повредата не е страшна, сепак со службено возило го носиме во болница.
Доаѓаме таму црни ко ѓаволи, прљави, уморни, никакви…позади нас оставаме траги од гареж.
Барам да дојде лекар затоа што покрај физичката повреда и му се повраќа.
Чекаме…
Се појавува лекар.
– Да видам…не е страшно, сега ќе го средиме тоа.
– Ете готово.
– Тоа е тоа, да си одиме или да останеме затоа што има нагон за повраќање, може е затруен?!
– Одете на шалтер.
– 150 денари
– Што 150 денари?!
– Па мора да се плати.
Прибран сум, смирен…
– Видете, зарем мислите дека со нас носиме пари вакви ко што сме?!
Од таму каде што доаѓаме спасивме материјални добра, го загрозивме сопственото здравје за да го сочуваме здравјето на луѓето….ги жртвувавме нашите животи…ќе ви донесам 150 денари.
Надвор нов проблем.
– Не може да излезете од паркинг додека не платите што бевте паркирани.
– Абе неаме пари у нас…дај немој да не малтретираш, стварно сме отидени у курац.
Ја дигна рампата…ваљда виде.
Ова е третманот кој го имаат пожарникарите у оваа земја.
Ние ќе продужиме да работиме исто ко до сега…продужете и вие, правила се правила.
Eј, уште ова
На еден голем и комплициран пожар, подземен магацин, температурата доле таква да маската се лепи за лице…ако има некој мал дел од телото непокриен чувството е ко да си пипнал рингла.
После третото излагање надвор да земам уште еден апарат за кратко изгубив свест, секунда две ваљда.
Имаше четири екипи на брза помош ме земаа у возило…кислород, мерење притисок и одеднаш паника.
– Вози на клиника одма…спреми инекција.
– Чекај бре каква инекција.
Додека го изговорив тоа више ми ја начука.
– Сега биди мирен, ќе стаиме уште една ќе биде добро.
– Што ќе биде добро?! Што ми е сега?
Долниот притисок сакал да види како е другар му горе па сакал да му дојде на гости.
Стигнавме на клиника.
Бев прљав, заштитното одело беше ќумур а ко се видов у огледало првата реакција ми беше смеење…
– Влези тука у купатило ќе мора да се избањаш…ептен си.
– Па извинете ја неспремен, обично у недела и пред да идам на лекар се бањам…
– Ајде не збори, влагај и ако не ти е добро викај…еве ти, само ова го најдов друго немаше.
Ми подаде кутија прашак „Биљана”
– Нема гајле баш тој го користам…само ако може ВИМ за главата зашто перут ми се праи од „Биљана”.
– Многу збориш, еве ти пижами за после.
Се избањав и тргнав да ги облакам пижамите.
Е тоа беше борба.
Долните тесни, у В изрез а нема ни копче ни учкур.
Ја облакам горната…рукавите три четврта, копчиња и да има џабе.
Се држам доле со една рака на В изрезот со другата од страна.
Ми беше срам да излезам надвор од купатило ама морам.
А да знаев како ќе ги израдувам сите присутни…они сироти последен пут се насмеале прошла година, све некои гадости гледаат…сега одеднаш гледаат некој шупак како се глупира само за нив.
– Легни тука…сега ќе ти стаам инфузија и кислород…едвај издржа да го каже тоа а да не се насмее.
Горната пижама ужасно ме стегаше па ја соблеков пред да ме боцне…и долната ме стегаше…ама нека стега.
После пола инфузија ја извадив иглата и отидов да им кажам дека ја си идам од тука.
– Ама како ќе си идеш, па не може.
– Види, ја знам дека ви е интересно со мене ама ја отидов…ако треба негде да потпишам дајте и да бегам.
Пред тоа се јавив да ми донесат било што за облакање, било што.
После пижамата и мини сукња ќе беше одлична.
Колата више ме чекаше пред врата.
– Добро.. потпиши овде и 500 денари.
– Види мислам у десниот џеп од пижамите ми е новчаникот…од кај бре да ти најдам пари.
– Добро, тогаш најкасно утре ќе мора да донесеш.
И така…се препраив у нормален, облеков панталони, маица, кондури и си отидов.
Тоа е…оваа служба секогаш била ценета.