Пишува: ВЛАДИМИР КОЧОВСКИ
У еден џеб имав туце сликици ќарени на тапка од светско првенство у фудбал.
У другиот џамлии и „коњак” со кои сум ги ќарил.
У заден џеб чатал и пачки.
Еј, па у тој момент мене никој ништо не ми можеше се осеќав неуништиво. Попунет албум, плус сликици, џамлии, чатал, па што уште би можел да посакам.
Занесот го прекинуваше баба ми која ќе ме викнеше од прозор да дојдам дома.
Баба ми беше кротка дебељушкаста добродушна хрватица. Иако ја не јадев ништо освен чај од липа, леб и сирење и тоа од нога, знам дека беше одлична готвачка. Е сега имаше некои чудни мерки кога готвеше. Ќе кажеше „Влатко држи една кифлица со џем па иди надвор” а кифлица ко пола леб – фамилијарна.
А дедо ми беше…знаете оние типови кои се смирени, благи, знаат смирено да разговараат?
Е дедо ми не беше еден од нив. Прво нешто што кажуваше беше пцовка па после продужуваше канонада од брзо изговорени реченици испреплетени со пцовки. Ама имаше огромна душа…како и неговото име, Душан. Имаше рокабили фризура. Знаете у она време некој на дваесет и нешто години веќе беше човек, а на четириесет или па на педесет да носи фармерки или незнамшто го сметаа шалабајзер. Туку фино лепо кошула, испод маица без рукава, у преден џеб чешел, панталони со оштар раб и манжетни, у џеб марамица обавезно. Избричен, намачкан со бугарска колонска вода. На кошулата по можност и значка али није обавезно. Е таков кога ќе тргнеше на пазар, баба ми знаеше дека ќе го нема три саата најмалку.
Тие три саати дома беше тивко ко у црква. Кога се враќаше се слушаше малку од подалеку. Влагањето дома ко у партизански филм. Ко да го брка гестапо.
Натоварен, испотен, разбушавен со извик: „Маро дај пешкир пизда му материна!”
Се миеше и ќе дојдеше да извади се од торбите. Обавезно спавача или папучи за баба ми и цвеќе. Мислам дека баба ми онде горе сигурно има бутик за доњи веш или цвеќара. По дедо ми комшиите го местеа часивникот, вртеа страници на календарот. Зимница почнуваше да се прави кога Душан ќе го распалеше ќумбето у двор. Бевме одма позади студенскиот дом па некои мислеа дека прави зимница за нив.
Подрумот беше полн со тегли. Беше комунист, го сакаше Тито како и сите ние. Мислеше дека и Тито го сака него, како и сите ние. Пушеше цигари филтер 57 и тоа многу. Мислам дека на лична карта беше со цигара у уста.
Престана да пуши кога мајка ми, медицинска сестра, го натера да оди на преглед затоа што засипнуваше и така рано му дијагностицираа рак на грло. Го оперираа и му ги спасија гласните жици па така пак можеше да вика. Ама цигара веќе никогаш не запали.
Со другар му Јордан фурнаџиајта од карши беа поише од другари и заедно одеа во Бугарија од каде носеа алва и се друго што беше непотребно. Знаеше албански подобро од македонски. Кај нас скоро секој ден доаѓаа негови другари од Радуша, Јажинце да им среди, да им пополни, да им однесе документи за пензија. На негов другар му го земав кечето и излегов на улица да играм. Ми беше интересно…на дедо ми и другар му изгледа не.
Двајцата ме бркаа по улица да ми го земат при тоа викајќи те на македонски те на албански.
Реков беше комунист.
После земјотресот, таа мала зграда е оштетена ама по некое чудо не паѓа, само дел од неа, па решаваат да ја санираат. За тоа време му нудат барака у Тафталиџе. Нормално дека одби. На глас кажа дека има он куќа и дека и у шатор може да причека, а и што ќе бара тамо уџум у тоа прашините.
Ние бевме од онаа средна класа. Дедо ми као беше главен ама парите стоеа у креденец а клучот кај баба ми. Баба ми би била најдобар министер за финансии.
У ствари ја се нешто мислам дека праеше некои магии па стално имаше динар поише.
Реков дека бевме средна класа. Ама татко ми имаше двајца браќа Иво и Ленин и сестра Ружица.
Ја кога идев на екскурзија морав да смислам добар план и тајминг тоа да им го соопштам. Прво кажував дома и добивав пари од моите. После на Ленин, добар мирен, она лаганини човек кој прерано отиде да им прави друштво на Мара и Душан.
И тој ќе дадеше некој динар. После Иво обавезно со она: „Абе на екскурзија ќе идеш а не кажуваш, а више руката му беше у џеб. Па дедо ми и на крај кај баба ми. Така да на крај тргнував на екскурзија или одмор ко висока класа.
-Наставиче се…