Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Ова ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски нема да гласа за Џафери, претседателскиот кандидат за предизборната влада, ова ДУИ на Ахмети нема да гласа за министерските кандидати за предизборната влада на ова ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски, а ако ова ДУИ на Ахмети и ова ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски меѓусебе не си попуштаат и не си се договорат за тоа дали взаемно ќе си се гласаат, тогаш, кажано во оваа една реченица, многу е можно ова СДСМ на Ковачевски, како и што најави, ич да не гласа за техничка или да гласа за влада со празни министерски места, односно за предизборна извршна власт без министри и без заменици министри на ова ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски па, по сево, со многу нетрпение се чека и сегашнава Алијанса на Таравари да се закани дека нема да учествува во оваа тројна меѓупартиска пржинска игранка по што останува само кусото време обременето со рокови, да покаже уште колку долго и со колкав интензитет до мајските избори сите, онака на купче ќе, се вртиме на рингишпилот во нашиов уникатен политички Луна парк.