Овој неверојатен јазик го говорат илјадници говорители низ целиот свет, но дали Токи пона ги содржи потребите квалификации за да се смета за јазик?
Истражувачите од Гугл во 2010 година процениле дека англискиот јазик содржи вкупно 1.022.000 зборови и дека бројката расте за околу 8.500 зборови секоја година. Сето тоа делува грандиозно. Прашањето кое се поставува е дали е можно ефективно да се комуницира со околу 120 или повеќе зборови?
Тоа е идејата зад Токи пона, филозофски проект/конструиран јазик што го разви канадската лингвистка Соња Ланг. Повикувајќи се на холандски, англиски, фински, мандарински, кантонски и други јазици од целиот свет, истиот е обид да се создаде едноставен јазик кој го максимизира значењето додека ја минимализира сложеноста.
Како што објаснува Ланг на официјалната веб-страница на Токи пона: „Токи пона е човечки јазик што го измислив во 2001 година. Тоа беше мојот обид да ја разберам смислата на животот во 120 зборови. Сега има илјадници говорители и 137 суштински зборови“.
Подготвил: Марта Пешевска
Извор: iflscience