Дали ќе заталкаме по непознати патишта, или ќе го фатиме европскиот приклучок и практично, зависи од кого ќе купиме кола, вели Џабир Дерала во разговор во студиото на „Слободен Печат“, користеќи ја метафората на О’Брајан, во одговор на прашањето – какви се политичките констелации на партиите пред претстојните избори во Македонија.
Дерала истакна дека имаме многу реално основи да имаме демократски избори и дека Северна Македонија има потенцијал за добри демократски избори.
Во врска со анкети кои се пласираат во јавноста, Дерала вели дека „истражувањата на јавното мислење многу често се користат како алатка во пропагандните кујни наместо да бидат барометар на мислењата од граѓаните“.
„Има реални основи да се претпостави дека нашата земја после изборите ќе продолжи по европскиот пат. меѓутоа, додава Дерала, може да превагне и другата страна, бидејќи има моќна пропаганда и сè уште се гледааат последиците на проток на црни пари за медиумите и изборните процеси. Руското малигно влијание и пропагандата се засилени и сметам дека македонското општество ќе има голем предизвик да се справи со анти-европската и анти-демократската ориентација која ја промовира ентитети кои играат во ист такт со Кремљ. Ако тоа се случи за многу брзо време, за две години после тоа, може да видиме тектонски пореметувања во структурата и на државата и на општеството и може да заборавиме на Македонија таква каква што ја знаеме денес. Но, мој личен став е дека македонското општество има сили да продолжи на европскиот пат, бидејќи тоа е единствениот начин не само кон опстанок туку и кон подобар живот“, рече Дерала.
Ј. Ѓ.