ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ ќе и додели на Турција 400 милиони евра за санација на последиците од ланските земјотреси

February 8, 2024 09:44
in ДЕНЕС, СВЕТ

Европската комисија и Турција потпишаа договор со кој преку Фондот за солидарност на Европската Унија (ЕУСФ) на Анкара ќе и биде доделен грант во износ од 400 милиони евра наменети за финансирање на проекти за обнова и санација по катастрофалните земјотреси што ја погодија земјата на почетокот на минатата година.

– Оваа катастрофа, една од најлошите во историјата на земјата, не шокираше сите додека ги гледавме разурнувачките ефекти што таа ги имаше врз турскиот народ. Низ Европа имаше излив на сочувство за изгубените животи и уништените домови, изјави еврокомесарката за кохезија и реформи Елиса Фереира, која го потпиша договорот заедно со турскиот заменик министер за надворешни работи Мехмет Кемал Бозај.

Таа нагласи дека ова е првпат Турција да добие помош од Фондот за солидарност на ЕУ, но во исто време тоа е и најголема сума што досега и е доделена на една земја кандидат за членство во Унијата преку овој инструмент на блокот од неговото формирање во 2002 година.

– Кога е потребна поддршка, Европа реагира. Не само за нејзините земји членки, туку и за нејзините соседи. ЕУСФ се залага за солидарност со земјите и луѓето, додаде Фереира.

Оваа сума од 400 милиони евра е дел од поддршката за Турција во вкупен износ од една милијарда евра што ЕУ ја најави лани во март на Меѓународната донаторска конференција, чии кодомаќини беа Европската комисија и тогашното шведското претседателство со ЕУ и на која беше ветена помош за санирање на последиците од земјотресите во Турција и Сирија во вкупен износ од седум милијарди евра.

Tags: ЕУземјотресТурција
Next Post
Насилен упад во Македонското собрание, 27 април 2017. Фото: picture-alliance/dpa/B. Grdanoski

За ВМРО-ДПМНЕ алфа и омега на политичкото дејствување останува националистичката реторика

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk