ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Села повторно претседател на Алијанса за Албанците, најавува победа на изборите

February 18, 2024 17:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зијадин Села е избран за претседател на Алијансата на Албанците, а од функцијата е разрешен Арбен Таравари на денешниот четврти конгрес на партијата. На вонредниот конгрес што, како што кажа Села во изјава за медиумите, е свикан според одлуката на Централното собрание на партијата на кое беше донесена иницијатива за разрешување на Таравари учествувале 591 делегат од вкупно 837 колку што има партијата, со што можело легално да се носат одлуки со просто и двотретинско мнозинство.

-Со предлог на ограноците на Алијансата за Албанците на денешниот конгрес статутарно е одлучено јас да бидам единствен кандидат за претседател на партијата што јас го прифатив. Ние сме во ситуација во која не воведе поранешниот претседател, но ги уверувам граѓаните и членовите на Алијаса за Албанците дека ќе станеме уште појаки и уште поконкурентни за да излеземе и да се соочиме и со граѓаните на претстојните избори и да победиме на тие избори, изјави Села по завршување на конгресот.

Прашан кој е сега легален претседател на партијата, Села одговори дека тоа е оној претседател кој се избира така како што пишува во Статутот на партијата и додаде дека правото за да биде избран или разрешен го има членството на партијата и органите на партијата, а не Таравари или Села. Го обвини Таравари за низа прекршоци почнувајќи од етичкиот кодекс на партијата, а завршувајќи со статутот кој, како што кажа, е прекршен во неколку членови.

-Денеска јас не разрешував никого туку бев само еден од тие што гласа. Легален претседател е оној претседател што се избира таму каде што се дава одговорност и од претседателот на партијата и од кој било друг избран од функционерите од Алијансата за Албанците. Минатата недела ние имавме Централно собрание каде претседателот на партијата одлучи да не дојде и да избега од одговорност. Централното собрание е органот кој одлучува и донесе иницијатива за одржување на овој вонреден четврти конгрес. Затоа сме денеска тука за да го испочитуваме тоа што е напишано во Статутот на партијата и денеска Конгресот одлучи со 591 глас да се разреши господинот Таравари од функцијата претседател на партијата, рече Села.

Го повика Таравари да ја почитува одлуката што ја донесе Конгресот и, како што рече, да се врати во она што значи органи на партијата и да почне да го почитува Статутот.

На прашањето дали Алијанса за Албанците самостојно ќе настапува на претстојните претседателски и парламентарни избори и дали ќе има свој кандидат за претседател на државата, Села рече дека одлука за тоа ќе носат Централното собрание и Централното претседателство, а медиумите навреме ќе бидат известени за тоа.

-Денеска е денот кога Алијанса за Албанците се враќа во структурите и се враќа себе си. Последните месеци за жал Алијанса за Албанците беше пазар за поткусурување за други политички партии. Во тоа е и одговорот зошто не се свикаа органите на партијата – Централното претседателство каде треба да се соочиш. Од денеска се враќаме на органите на партијата, почнувајќи од Централното собрание, Централното претседателство каде ќе имаме одлуки за кои ќе бидете известени, потенцира Села.

Во петокот во Скопје конгрес одржа крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари, а тој беше реизбран за претседател на партијата.

Расколот во партијата почна откако Таравари објави дека ќе ја поддржи албанската опозиција на изборите, а Села рече дека партијата не е консултирана и дека тие ќе одат на избори самостојно.

Извор: МИА

Tags: ПретседателСела
Next Post

Од три во 2019 година, на 24 април се очекува пет кандидати да се натпреваруваат за претседателската фотелја

Најново

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk