ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Светските медиуми побараа од израелските власти заштита на новинарите во Газа

March 2, 2024 11:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СВЕТ

Раководителите на неколку светски медиумски куќи потпишаа писмо во кое ги повикуваат израелските власти да ги заштитат новинарите во Газа, велејќи дека новинарите работат во услови без преседан и дека се соочуваат со „голем личен ризик“ за време на нападот на Израел врз енклавата.

Меѓу медиумските куќи, чии главни уредници го потпишаа писмото во четвртокот, се наоѓаат Асошиетед прес, АФП, Ројтерс, Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост, Би-Би-Си, Си-Ен-Ен, Гардијан, Фајненшл Тајмс, Дер Шпигел и Хаарец. Во војната меѓу Израел и Газа се убиени најмалку 94 новинари; повеќето од нив – 89, се Палестинци убиени од израелската армија, според Комитетот за заштита на новинарите (CPJ), кој објави писмо потпишано од раководителите на 59 новински организации.

CPJ соопшти дека војната е „најопасната досега“ за новинарите. Израел негира дека намерно гаѓал новинари и цивили, велејќи дека само ја напаѓа палестинската исламистичка група Хамас, која управува со Газа и го нападна Израел на 7 октомври.

„Овие новинари продолжуваат да известуваат и покрај сериозниот личен ризик. Тие продолжуваат и покрај загубата на семејствата, пријателите и колегите, уништувањето на домови и канцеларии, постојаното раселување, прекините на комуникациите и недостигот на храна и гориво“, се наведува во писмото.

„Новинарите се цивили и израелските власти мора да ги заштитат како неборци според меѓународното право“, се додава во писмото.

Хамас го нападна Израел на 7 октомври, убивајќи 1.200 луѓе, според израелските податоци. Израел оттогаш воено ја нападна Газа, управувана од Хамас, убивајќи повеќе од 30.000 Палестинци, од кои многумина се цивили, во бомбардирањето на малата енклава, според локалното Министерство за здравство.

Поголемиот дел од Газа е срамнет со земја во израелската офанзива, а речиси сите нејзини 2,3 милиони жители се раселени и се на работ на глад. Јужноафриканската Република го обвини Израел за геноцид пред Светскиот суд. Израел ги негира обвинувањата и вели дека дејствува во самоодбрана по нападот на 7 октомври.

Г. Т.

Tags: ГазазаштитаизраелмедиуминападиПисмо
Next Post

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ја официјализира претседателската кандидатура на Гордана Силјановска-Давкова, СДСМ утре ќе му ја даде поддршката на Стево Пендаровски

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk