„СДСМ на 3ти март на 27от Конгресот го утврди кандидатот за претседател на република Северна Македонија, тоа е Стево Пендаровски. Имаме човек кој практицира мандат и конечно го врати кредибилитетот и достоинството на функцијата претседател на државата и има сериозен потенцијал да биде предводник на демократскиот прогресивниот блок и има подршка од граѓанскиот сектор. СДСМ е партија која ќе издејствува двојна победа и на претседателските и на парламентарните избори, и тоа е несомнено, затоа што СДСМ после 8ми мај, на 9ти мај ќе формира идната проевропска влада со концептот кој ние го воспоставивме, и онаа платформа која ја имаме, а тоа е членство во ЕУ и Македонија да оди напред. Не навлегуваме во негативна кампања, како ВМРО-ДПМНЕ, бараме таа да биде фер демократска онака како доликува на земја членка на НАТО и земја која претендира“, рече пратеникот од СДСМ, Миле Талевски, во емисијата Клик Плус на ТВ 21.
„За се што отвориле тема ВМРО-ДПМНЕ во иднина им се покажало дека не е точно, кажаа дека ќе има бегалски кампови, дека ќе има бугаризација и асимилација, креираа негативност во општеството за да имаме една вистина која кружи неколку дена, еве нека види македонската јавност дека нивната кандидатка за претседател на држава се слика со најголемиот негатор на македонскиот јазик иидентитет, Андреј Ковачев кој што ние како држава му забранивме да влезе воземјата. Тој е човекот кој го нападна АСНОМ, дека е столб на натибугарство. Тој вика и дека браќата Миладинови не напишаа Зборник туку бугарски народни песни. Сега нивната кандидатка се слика со човекот кој е негатор на македонскиот јазик и идентитет, еден од најголемите непријатели на нашата држава. Тоа е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, “ рече Талевски.