ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

„МАКЕДОНКА“ Првиот женски весник во Македонија

March 8, 2024 10:34
in PMD, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Дали знаете дека пред сите онлајн портали и страници, пред сите телевизиски канали за мода и готвење во Македонија постоеше весник основан од жени, кој го раководеле, го уредувале и во него главно пишувале жени. Весникот „Македонка“. Функционирал скоро 10 години, а годинава се навршуваат 80 години од појавувањето на првиот број.

Наслови и приказните дел од весникот „Македонка“. За учителки, докторки, земјоделки, работнички – весникот содржи приказни за сите нив, нивните навики, размисли, култура и нивната борба за надминување на старото со новото време по Втората светска војна.

„Станува збор за списание кое ги менувало своите форми во текот на својот развој, така што освен политички содржини со кои ги повикувале жените да земат масовно учество во народната борба и во поовоениот период, ги повикувале и на тоа да се вработуваат во фабриките, било тоа и процес на индустријализација на државата. А исто така имало и совети за домаќинките, за селанките и особено се важни тие совети за санитарните политики, за хигиената и за начинот на кој бил односот во новото современо, социјалистичко семејство коешто државата тогаш сакала да го изгради“  вели Ивана Хаџиевска.

М-р Ивана Хаџиевска е историчар од битолското одделение на Државниот архив, авторка од проектот „Архиви на невидливите – база за дигитализација и истражуавње на извори од областа на историјата на жените во македонското минато што го спроведе ЦИНИК – центар за истражување на национализмот и културата“. Вели дека реализацијата на идејата за женски весник не била едноставна. Кон крајот на 1944 година во Македонија сеуште имало војна. Графичарите не располагале со многу букви па страниците се печателе една по една со истите букви. А тиражот 1000 примероци.

„Списанието започало да се печати во илегална партизанска печатница „Гоце ДЕлчев“ во селото Горно Врановци, но заради воените услови, печатницата на партизански камион ја пренесле првин во Прилеп, па потоа во Битола, кадешто всушност се издава првиот број на списанието „Македонка“ вели Хаџиевеска.

Весникот комплетно бил создаден од жени, управуван од жени, во него жени пишувале за жени. Прва уредничка била Веселинка Малинска. Од битолско Лавци во овој весник се вградила  Фана Кочовска и двете важни за спроведувањето на политиките за еманципација на македонската жена од тоа време.

„Архиви на невидливите“ е зборникот посветен исклучиво на списанието  „Македонка“, кадешто ги разгледуваме содржини кои се од политички карактер, социјален карактер, социјалните политики, начинот на којшто жените се описменувале и интересно е како прилози на жени од селата од битолско започнуваат да се активни во политичка смисла. Дотогаш не биле воопшто валоризирани во општеството. “

Анализата на печатените изданија, кои се најмногубројни во депоата на белградската национална библиотека, зборува дека се работи за „масовен лист“ за пренесување на новостите од политичките говори за развојот на земјата, преку едукативно четиво за политиките кои се менуваат во новата држава со ново политичко уредување во развој , се до приказни издвоени од животот на жените кои го напуштаат селото и започнуваат каква било кариера во градовите, процесот на еманципација на жената муслиманка, до совети за во кујна и зачувување на здравјето.

Откривањето и анализата на секој текст, секоја илустрација, комплетно 83-те изданија се важен извор за откривање на наративот што се користел во процесот на еманципација на жената на овие простори – вели Ивана Хаџиевска.

Наодите од истражувањето на историчарот Ивана Хаџиевска, што го спроведе заедно со антропологот Јана Коцевска се објавени во книга, а истовремено и на интернет на страницата nevidliviarhivi.mk  Sите изданија со сите стории за жените активистки, но и совети за готвење, дезинфекција, вакцинација на децата, светската географија и модата од крајот на 40-те и почетокот на 50-те години може бесплатно да се читаат.

Преземено: Тера.мк

Tags: весникМакедонка
Next Post

Таравари ги истакна четирите главни столбови на неговата претседателска програма

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk