Иако Албанија нема регистрирано случаи на коронавирус, албанската економија почнува да ги чувствува првите негативни ефекти на епидемијата.
Претприемачите се жалат дека поради затворањето на фабриките во Кина прекинато им е снабдувањето со суровини.
– Но, проблемот во снабдувањето со суровина е само една од последиците. Најголем удар за,пред се малите претпријатија, е блокирање на продажбата во Италија, главниот пазар каде одат албанските готови производи, наведува Топ чанел.
Конфекциските и чевларските бизниси се најголемата извозна група во Албанија, каде се и најголемиот број вработени.
Доколку епидемијата трае подолго, тогаш ефектите врз економијата ќе бидат уште потешки, проширувајќи се на туризмот, двата главни извори на девизи што влегуваат во земјата