ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претседателските кандидати до кампањата не смеат да трошат пари од трансакциската сметка, а можат да одржат само еден јавен настан

March 22, 2024 13:42
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Кандидатурите за претседател на државата веќе се потврдени, а согласно измените на Изборниот законик, од моментот на потврдување на кандидатските листи до започнување на изборната кампања на 4 април учесникот во изборната кампања не смее да троши средства од трансакциската сметка наменета за изборна кампања, а учесниците во изборите имаат право да организираат по еден јавен настан за промоција на нивните потврдени листи на кандидати и изборните програми.

Во членот 69-а од Изборниот законик е наведено и дека за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми, а во ставот 2 стои дека кампањата започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите (молк).

Подносител на листа, односно кандидат може да поднесе приговор за непочитување на одредбите од овој член, а Државната изборна комисија (ДИК) е должна да ги испита наводите, да постапи по поднесениот приговор и да ја образложи својата одлука во рок од 72 часа од денот на поднесувањето на приговорот. Против одлуката на ДИК подносителот на приговорот има право на тужба до Управниот суд во рок од 48 часа од приемот на одлуката. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 72 часа по приемот на тужбата.

ДИК во четвртокот на седница ги потврди кандидатурите за претседател на Република Северна Македонија 2024 година поднесени од Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Стевче Јакимовски поддржан од ГРОМ, Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди,  Билјана Ванковска Цветковска од Левица, Бујар Османи од ДУИ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите Јакимовски и Таравари во рок од 48 часа до ДИК треба да доставаат единствен даночен број и трансакциска сметка.

Редниот број на кандидатите и изгледот на гласачкото ливче ќе се знае најдоцна до 28 март кога треба да се одржи жребување во ДИК. 

Tags: изборен законикнастанПретседателтрансакциска сметка
Next Post
Ана Стојаноска. Фото: Фејсбук

Уметничката директорка на фестивалот „Војдан Чернодрински“: Имаме идеја да направиме меѓународна мрежа на национални театарски фестивали

НАЈНОВО

Фото: Скриншот,

Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025

Во Албанија учениците од четврто одделение ќе ги изучуваат основите на вештачката интелигенција

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk