Косовскиот премиер Албин Курти изјави во Глоговац дека против Србија се подготвува тужба за злосторства извршени за време на војната во Косово, пишува приштинскиот портал Reporteri.net.
„Во тек се подготовки да се обвини Србија, како земја, дека е одговорна за злосторствата извршени за време на војната во Косово, за злосторства против човештвото и геноцид“, истакна Курти.
Тој го повика Државното обвинителство да вложи максимални напори осомничените за кривични дела, за кои постојат живи сведоци, да бидат кривично гонети и казнети.
„Без правда, само со вистината, раните остануваат отворени“, нагласи Курти, пренесува порталот.
Г. Т.