ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

СДСМ: Пропагандната машинерија на ВМРО-ДПМНЕ нарачуваат лажни анкети на МТВ и креираат лажни вести преку „дувла“

April 3, 2024 10:55
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ утрово објави дека анкетите објавени на Националната телевизија МТВ за рејтингот на партиите се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Според владеачката партија, ова се лажни анкети и претставува голем скандал.

СДСМ реагира откако вчера ПорталХ објави текст со наслов: Пропагандната машинерија на Груевски во рацете на Мицкоски, еве го оперативниот план.

„Во пресрет на претседателските и парламентарните избори оваа пролет, ВМРО ДПМНЕ ги запали своите пропагандни мотори. Се чини дека шемата е слична на она што сме навикнати да ја гледаме, а и јавниот сервис МРТВ е дел од неа“, објави ПорталХ.

Од СДСМ велат дека станува збор за реализација на цела шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 05.12.2023 година за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести.

Документ објавен на ПорталХ, а потоа на социјалните мрежи од СДСМ (3 април 2024)

-Документите со потписи потврдуваат дека оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ го содржи она што и реално се случува. Предвидува креирање на емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС на Владимир Божиновски, какви што веќе се емитуваа на МТВ. Дефиниран е и составот на гости во емисијата, да бидат аналитичари и тоа 3 опозициски и 1 од власта, велат од СДСМ.

Документ објавен на ПорталХ, а потоа на социјалните мрежи од СДСМ (3 април 2024)

ДПМНЕ има и одговорен и за ширење лажни вести, а креираат и лажни вести преку „дувла“ кои ги објавуваат опозициски портали. Ова е голем скандал кој покажува дека лажните анкети се нереални и служат за манипулација на граѓаните а немаат врска со реалноста. Но исто така потврдува дека нема никаква промена во ДПМНЕ, порачуваат од СДСМ, додавајќи дека „пропагандата, злоупотребите на медиумите, ширењето лажни вести и нарачаните лажни анекти се истите методи на Никола Груевски сега ги спроведува Христијан Мицкоски“.

Во последните неколку месеци, МТВ постојано објавуваше анкети со рејтингот на партиите и политичарите во пресрет на изборите. На неколкуте анкети, ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова имаа убедлива предност пред СДСМ и претседателот и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски. Исто така и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски според анкетите има двојна предност пред лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски и останатите лидери на политичките партии.

Д.М. / ЦИВИЛ Мониторинг тим

Преземено: Цивил Медиа

Поврзано: 

ВМРО-ДПМНЕ негира: Документите на СДСM се целосно измислени, следи тужба за клевета

Next Post

Во Скопје регистрирани 312 случаи на голема кашлица, се следи состојбата во Куманово

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk