„Македонија како ретко која друга држава имала потешкотии по тој пат. Ако се вратиме наназад и Велика Британија била 10 години блокирана од Франција во шеесетите години и не можела да стане членка на ЕУ до 1973 година, во времето на Шарл де Гол кој сметал дека Британија не припаѓа таму. Има внатре дел од државите кои што го гледаат ЕУ, како клуб на ексклузивни и богати демократски развиени држави, кои што држат до некои вредности многу повиссоки од овие од Источна Европа. Преовладува мислењето дека тоа е еден пан европски проект, кој што треба да внесе во себе, да зграби, што повеќе држави, дека само кога се прошиува може да успее. А кога не се проширува оди кон распаѓање и некои сметаат дека и Брегзит е поради тоа што немало поамбициозна агенда на проширување,“ рече првиот вицепремиер и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ на поткастот „Политиканти“ на Слободен печат.
Според Маричиќ работите не треба да се гледаат така розево во врска со ЕУ, затоа што искуството со текот на времето покажува дека никшто не е дадено на тацна и за се треба борба.
„Од друга страна има еден облак од лажни вести, прикаски и теории на заговор, дека ние имаме некоја друга подобра опција или дека може да се измисли некоја друга подобра. Таква опција нема, и ние треба да го сфатиме овој пат како наша борба , со оние држави кои мислат дека ни Западен Балкан можеби не треба да биде дел од ЕУ, има и такви поединци и политички структури што го мислат тоа, како што мислеа до вчера дека Украина и Молдавија не припаѓаат таму,“ рече Маричиќ.