ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Длабока анализа на стварноста

Кон книгата ВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ од Бранко Тричковски

April 15, 2024 16:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ВАЛЕНТИН НЕШОВСКИ

Тричковски е луциден, но тоа не е празна луцидност. Тоа не е помпа или поза, туку е поткрепа, во функција да сепне пред секоја длабока анализа на стварноста.

Во оваа книга ќе прочитате за патриотизмот, оптимизмот, нормалноста, прогресот, модернизмот… ќе прочитате за многу теми кои авторот од димна завеса или матна баруштина ги трансформира во неопластицистичка јаснотија слична на делата на Мондријан. Како во алувиум се напластени тези поткрепени со комплот од знаења во сите сфери.

Иако основната четка во палетата на вербални бои на Тричковски се метафората, компарацијата, парадоксот и апсурдот, арсенал на острина со кои тој сече како со жилет, го критикуваат за бруталност, конфронтирачки говор и ласцивност и притоа не сфаќаат дека ваквиот говор е подлошка за да предупреди, анализира и нуди решенија.

Тричковски исто како, а можеби и подобро од Џани Ватимо, познатиот италијански филозоф кој најбруталниот и вулгарен речник го сместува во пред-детерминистичка рамка на теоретизација и функционализација за да ги објасни појавите и да најде решенија, ги употребува овие методи за да го операционализира јавниот ангажман и да алармира. Всушност, станува збор за херменеутичка интерпретација на јазикот (говорен и пишан) и поважно – за уметност на разбирањето и комуникацијата, концепт негуван од многу пишувачи и аналитичари на филозофски текстови.

Во овој табор на „безобразни“ откривачи на реалноста влегуваат многумина со нивниот поигнантнeн (потресувачки) стил – од Фридрих Ниче, со неговиот агресивен и провокативен јазик, преку Џемс Џојс во Улис, со вокабулар кој се сметал за обсцен за тогашните социјални норми и цензорски пуританци, преку Хенри Милер и Буковски, па сè до Вилијам С. Бороус кој експериментира со јазикот особено во романот „Гол ручек“, и Кристофер Хиченс, кој се конфронтираше секаков авторитет и рушеше „свети крави“ како кегли на карамбол, до Даниел Хармс, со краткиот ебитачен формат и Французите Мишел Уелбек и русите Александар Херцен и Едуард Лимонов, кои со својот контроверзен и брутален јазик, на тест ги ставија сите лажни пуритански, политички и општествени норми. А да не зборуваме за новинарството и речникот на еден Хантер Томсон и неговиот легендарен текст (The Kentucky Derby Is Decadent and Depraved) со кој го разнишува никсоновиот јужњачки декадентен свет. Таков е и Тричковски, оригинална појава на македонската сцена.

Консеквентно на ова погоре, се чини дека има неколку централни теми во неговите демистификации, но најмаркантна е патриотизмот и неговото обезличување. Во книгата ќе најдете маестрални паралели од типот „патриотска пудра на лицето…“, „патриотска поза“, „патриотизмот како тракторска гума полна со воздух“, „патриотските воспаленија на обвивката на мозокот кои го уништуваат тенот“, но клучот се состои во една аксиома (нешто што не треба да се докажува, туку е јасно), а тоа е дека „патриотизмот може да се култивира кај поединци (Тричковски), но кај народите секогаш е второ име за феномените што се викаат национализам и фашизам“. Оттаму, тврдам дека Тричковски е патриот. Тој со својата жестокост се обидува (успешно) да ја демаскира заводливата шминка на групниот патриотизам. Или, како што вели Виктор Иванчиќ, а го цитира и Тричковски „Патриотизмот е израз на нагонот на слепиот самоубиец за удирање со главата во ѕид“.

Втора централна тема, иако таа е ненаметлива и притаена, а ја наоѓаме меѓу редови, односно redactio ad absurdum, е оптимизмот. Тричковски во 300 страници го споменува оптимизмот само неколкупати, но тој не може да отсуствува и тоа да не се рефлектира во пишувањето на автор кој така жестоко и со сите реторички пушкомитралези пука секој ден против глупоста и веројатно се прашува – какво дејство имаат овие гама зраци врз нас сенишните невени како во драмата на Зиндел која зборува за алиенацијата меѓу членовите на едно семејство (можеби и нацијата).

Трет носител на оваа книга е еден континуум на сосредоточеност кон нормалноста, прогресот и модернизмот. Илустративен е текстот „Македонски парадокс: Зошто не можеме да се распаднеме!? Каде Тричковски вели: „нормалноста, пристојноста и европскоста ќе победат и од позиција на победници ќе ја пружат раката на помирувањето на сите освен на најголемите злосторници и поборници и извршители на разнебитувањето на Македонија“.

Во целина книгата е еден мајсторски испреплетен амалгам на текстови во кои се чита тескоба од состојбите, детекција на опасностите на (историо)кратијата, но најмногу ревносност и решителност да се ординира јака доза „парацетамол на челото на пациентот“.

Инаку за крај, контроверзата за ВМРО е добро сместена во насловот – дека тоа е мит, дека е концепт кој Тричковски го завршува ефектно – во крај. Прашањето кое му се мота на читателот во главата е – но каков е крајот? Кај Тричковски може да се прочита дека може да биде и убав. Конечно, подобро е да си оптимист и да грешиш, отколку песимист и да си во право.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бранко ТричковскиВалентин НешовскиВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈКнигарецензија
Next Post

Макрон: Постојат планови Б и Ц за отворање на Игрите во Париз

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото: Народна банка

Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk