Претседателката кандидатка на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова самата ги демантираше невистините која таа и нејзината партија веќе две години ги пласираат во јавноста, плашејќи ги граѓаните дека ќе се случи бугаризација.
Во интервју за ТВ 24 таа е децидна дека историските прашања не се споменуваат во ниту еден европски документ особено како услов за натамошниот прогрес на земјава кон Европската Унија.
Силјановска Давкова посочува дека Бугарија, според преамбулата на Договорот за добрососедство и пријателство има обврска да ја подржува интеграцијата на Македонија кон ЕУ, а дека двете земји ќе разговараат за историските прашања. Но тоа, според неа, јасно покажува дека историскиот спор меѓу Скопје и Софија воопшто не е услов за отпочнување на преговори за зачленување на Македонија во ЕУ.
Силјановска (32:27 од емисијата): Од една страна го имате Договорот за пријателство и добрососедство кој што бара Бугарија, значи Бугарија да ја поддржува Македонија. Точно е дека има член 8, каде што вели дека ќе разговараме за историјата, но не вели дека тоа ќе биде, не вели дека тоа ќе биде услов за да почнеме преговори.
Д. Е.