Stiftsbibliothek Admont, Адмонт, Австрија
Позната по својата архитектура, уметност и ракописи ова е најголемата манастирска библиотека во светот, изградена во 1776 година.
Biblioteca do Convento de Mafra, Мафра, Португалија
Оваа библиотека е долга 88 метри, а полиците со книги содржат повеќе од 36.000 томови врзани со кожа.
Библиотека на колеџот Тринити, Даблин, Ирска
Ова е најголемата библиотека во Ирска и е постојан дом на Книгата на Келс.
Biblioteca Statale Oratoriana dei Girolamini, Неапол, Италија
Најстарата библиотека во Неапол која е отворена за јавноста од 1566 година.
Stiftsbibliothek Kremsmünster, Австрија
Оваа манастирска библиотека била изградена помеѓу 1680 и 1689 година и содржи околу 160.000 тома.
Real Gabinete Português de Leitura, Рио де Жанеиро, Бразил
Оваа институција е основана во 1837 година од група португалски имигранти за да ја промовираат културата меѓу португалската заедница.
Stiftsbibliothek, Сент Гален, Швајцарија
Најстарата библиотека во Швајцарија е исто така една од најраните и најважните манастирски библиотеки во светот.
Sainte-Geneviève, Париз, Франција
Оваа библиотека содржи повеќе од 2 милиони документи и била инспирација за Бостонската јавна библиотека.
Rijksmuseum, Истражувачка библиотека, Амстердам, Холандија
Основана во 1885 година, таа е најголемата јавна библиотека за истражување на историјата на уметноста во Холандија.
Библиотеката може да се пофали со две големи барокни сали, но посетителите не можат да влезат во нив.
Biblioteca Joanina, Коимбра, Португалија
Таа е една од двете библиотеки во светот во кои се сместени лилјаците за заштита на книгите од инсекти.
Преземено: Нова ТВ