Мицкоски се пофали дека се сретнал со Орбан. Не е јасно како средбата со Орбан е поврзана со поддршката на еврокомесарот Вархеји за македонската влада. Но секако добро прашање би било дали се сретна и со својот шеф Груевски. Што разговараа Груевски и Мицкоски на средбата за која очекуваме изјава дека не се случила? Мицкоски и Орбан нема што ново да кажат за ЕУ интеграцискиот процес на Северна Македонија. Тој процес е откочен и тече со невидено темпо до сега.
Случајно или не, Груевски е „уловен“ со камерата на граѓанскиот новинар, на улиците низ центарот на Будимпешта. Дали е обична, романтична прошетка или е на пат за состанок, не е познато, но може да се претпостави.