ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дебата на седумте кандидати за претседател: Пендаровски и Османи конкретни за патот до ЕУ, Силјановска без јасен став

April 22, 2024 00:54
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Седумтемина кандидати претенденти за прертседател на државата во предизборната дебата на Македонската телевизија изразија различни ставови во однос на евроинтегративниот пат на државава, и како до  се изоди тој пат. За едни нема друга алтернатива освен ЕУ, особено во новиот геополитички контекст, за други на Европската Унија не ѝ сме битни.

Кандидатот поддржан од СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски во однос на тоа како го толкува внесувањето на Бугарите во нашиот систем, рече дека потребни се уставни измени за да продолжиме во ЕУ.

-Јасно е дека ако влеземе во уставни промени ова што го заговараме некои од нас во однос на тоа дека Бугарите треба да ги ставиме во устав заедно со други пет делови од народи, значи ако се отвора уставот, не би требало да се отвора секој понеделник, ако го отвораме можеме да го промениме и делот на овие 20 отсто, се разбира и во делот на од суспензивно во апсолутно вето. Значи, немам дилеми околу тоа. Не велам дека само за апсолутно суспензивно треба да се менува устав, меѓутоа ако веќе го отвораме за ова што ни е главна пречка кон ЕУ треба да го направиме тоа, рече Пендаровски.

Тој праша дали тоа што Албанците, Турците и останатите се во Уставот се европска вредност или уцена? Реалноста е таа – мултиетничка, рече Пендаровски и додаде дека бараме специфични модели за да коегзистираме за доброто на државата.

Пендаровски истакна дека бугарската идеја била јасна, а тоа е – целосно да се преземе бугарската наратива, нешто што ние го одбивме.

„Останува уште овие три и пол илјади Бугари да ги ставиме во Уставот, заедно со уште пет други делови на народи. Тоа не е ништо чудно“, рече Пендаровски.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател Гордана Силјановска Давкова вели дека требаше национален консензус за Преговарачката рамка.

Таа не беше јасна и покрај тоа што другите кандидати и поставија директни прашања за тоа – како без уставни измени до ЕУ, кога ставот на ЕУ е јасен дека нема да се смени Преговарачката рамка?

– Јас не го перцепирав како земи или остави. Апсолутно така не е. Од што се водам јас? Се водам од националниот и државниот интерес. Не смеело да се оди во Брисел без да се постигне консензус. Информацијата за Преговарачката рамка од Османи е апсолутно нешто непознато. Очекував да се одбие, да опстои претседателот на одбивањето на Преговарачката рамка и да се повика на националните и државните интереси. Ова не е завршена работа и мислам дека треба да се преобмисли, оцени Силјановска Давкова.

Претседателскиот кандидат на ГРОМ и „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски смета дека ние не сме и битни на Европската Унија, и смета дека и ние исто така треба да поставуваме услови ако нè сака ЕУ како членка.

-Колку тие ни се битни нам, толку и ние им сме битни. Од тие причини и ние исто така треба да поставуваме услови. Крајно дегутантно е да се однесуваме сервилни. Република Макеоднија во услови кога имаме земи или остави, тие однапред знаат – земи, ние не сме рекле остави, смета Јакимовски.

За кандидатот на ДУИ и Европскиот фронт Бујар Османи, овој прозорец на можности не смее да се пропушти.

-Често се кажува дека членството во ЕУ колку е меритократски е и геополитички. Сега вратата е отворена пак заради војната во Украина и ги чекаат земјите коишто ги исполнуваат условите за да влезат. После ова пак ќе се затворат вратите. Сега ни е шансата и затоа сметам дека е време за постигнување на државен консензус, вели Османи.

За кандидатката на Левица Билјана Ванковска, „главната алтернатива е дека ЕУ за која овде зборуваме е бајка, а таа е сијамски близнак со НАТО“.

-НАТО е во проксивојна во Украина така што целава работа не е онаа за која ние зборуваме и за која јас сум предавала. Во новиот мандат на претседателот светот ќе се промени. Тука мислам дека треба да се ослободиме од илузиите – бугарскиот договор кој најлесно се раскинува и Преспанскиот за кој треба малку повеќе време, оцени Ванковска.

За кандидатот на Коалицијата Вреди Арбен Таравари, треба да побараме гаранции од Европската Унија.

-Се согласувам дека Договорот со Бугарија не беше транспарентен и инклузивен. Ова е состојбата во која што е и ние мораме да побараме некаква гаранција од ЕУ. Да гарантира дека ова последниот Устав. Прва причина за тоа е што расте евроскептицизмот, истакна Таравари.

Кандидатот Максим Димитриевски од ЗНАМ истакна дека Брисел кажа дека е тешко да се промени Преговарачката рамка, но оти не е и невозможно.

– Случајот со Србија и Црна Гора тоа го потврдува. Референдумот за Преспанскиот договор беше за НАТО и ЕУ, денеска ја немаме ЕУ, рече Димитриевски

Ј. Ѓ.

Tags: ДебатаМТВпретседателски избори
Next Post

Пендаровски во дебатата на МТВ: Дали тоа што Албанците, Турците и останатите се во Уставот се европска вредност или уцена? Реалноста е таа - мултиетничка

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk