ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Чупеска: Потребно е да се откочат преговорите со ЕУ преку усвојување на уставните измени и да се следат укажаните насоки за човековите права

April 22, 2024 13:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Ана Чупеска Фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ

Ана Чупеска Фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ

„Најпожелно е да се откочат преговорите со ЕУ, а за тоа да се случи мора да се усвојат уставните измени, знаеме сите. Како би можеле да го отвориме Поглавје 23 и да ги завршиме, во смисла да ги испреговараме темелите со ЕУ“ рече професорката Ана Чупеска на конференцијата „#МКвоЕУ: Предизвици и перспективи“ организирана од ЦИВИЛ.

Таа додаде дека во кластерот Темели се сите работи кои се потребни за правата на припадниците на заедниците, врзани со Копенхашките критериуми, што експлицитно се наведени во преговарачката рамка.

„Мора да се следат јасно укажаните насоки дополнително адресирани во смисла на човекови права и слободи од преговарачката рамка. тука еден детаљ е многу битен од неа, а тоа е акцискиот план за националните малцинства, односно за правата на припадниците/ граѓаните кои припаѓаат на различните заедници, Тој, веќе е изготвен со меѓународна и наша експертиза и се темели на основните принципи, препораки кои што се содржани во рамковната конвенција од Совет на Европа, и препораките на советодавниот комитет од рамковната конвенција за малцински права при Советот на Европа, но и од препораките упатени од ЕКРИ како и од прогрес репортите. Значи тоа се трите релевантни документи, референтни, врз основа на кој е изготвен овој акциски план“, истакна Чупеска.

Професорката рече дека исто така треба да се имплементираат сите национални стратешки документи врзани за рамноправноста, човековите права и слободи во смисла на интеграција, имплементација на стратегијата за интеркултурализам, за Ромите, антидискриминација итн.

Чупеска додае дека тоа е фундаментален минимум што треба да се направи, но изрази загриженост дека политичките субјекти ќе ги занемарат овие суштински работи кои ни претстојат, како што има проблем со усвојувањето на уставните измени.

Tags: #МКвоЕУ: Предизвици и перспективи“Ана Чупескауставни измениЦИВИЛ
Next Post

Косово ја исполни својата обврска, ЕУ да ги укине неправедните мерки, соопшти владата во Приштина

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk