Шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, во првото обраќање по големата изборна победа, настапи со редица закани, но и со ветувања за економски напредок и соживот во земјата.
„Падна владата во Македонија и има причина за тоа – криминалот, корупцијата, неспособноста, лажните вредности, одземената држава, тендерите, непотизмот… работи со кои направија државата да страда, а народот да е разочаран. Вечерва конечно се поразени. Поразени се и предавствата, поделбите. И тие стотина луѓе од ДУИ и СДСМ кои мислеа дека се господари на нашите животи ги боли главата, и има зошто. Ќе одговараат до последниот. Секој кој направил криминал и спровел корупција. Мора да има одговорност којашто ќе се темели на правда и закон“, рече Мицковски во своето обраќање, прво по големата изборна победа“, рече Мицкоски.
Пренесено од Цивил Медиа