Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Го слушам кај Гоце, тој нормално му премолчува да не му го крева адреналинот на мандатарот, ќе давал по 5.000.оо денари на пензионери, ветил пред избори, не е прашан од кои пари, пак ли како неговиот претходен претседател ќе им брцнува во џебот на по имуќните и онака робин хутовски ќе им дава на по бедните и пак ќе нарушува елементарани граѓански права на луѓето кои преку ПИОМ си штеделе додека работеле, па, натаму, ќе земел 1.000.000.000 евра кредит и тоа од држава, откај пријателот на Груевски и неговиот идол, откај Орбан веројато со кој предизборно се дичеше но неважно од каде, важно не од меѓународни институции кредитодавачи, па ќе не пикне пак во еден вртлог и финансиски и социјален и економски од кој не ќе можеме да се извлечеме, башка, со ваквиот негов волунтаризам, со евидентната политичка неукост, уште не зачекорен на Илинденска, не само социјално и економски, туку и политички така ќе ги закашка работите што, како се насетува, долго не ќе се чека за пак да ни се случи некое ново Пржино па, некоја нова Шарена овој пат можеби еднобојна и, кажано во оваа една реченица, колку после да не испадне дека ова не е предочено.