Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во вчерашното интервју за грчката телевизија „Алфа“ истакна, меѓу другото, дека со загриженост следи некои изјави на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите во Северна Македонија, но ќе го чека официјалниот став на новиот премиер за тоа како ќе се нарекува земјата во официјалните изјави.
Мицотакис додаде дека и тој лично не се согласувал претходно со договорот, особено во деловите „македонска нација“ и „македонски јазик“, но сепак одбрал да го почитува и да се држи до одредбите.
„Јас не се согласував со договорот но го прифатив поради континуитетот на државата и го почитувам. Да бидеме трпеливи, сакам да се надевам дека она што се слушна пред изборите нема да го сочинува ставот на новата влада, бидејќи во спротивно ќе имаме проблеми“, предупреди Мицотакис во интервјуто.
Г. Т.