Полиција уапси едно лице под сомнение дека ширел лажни вести и на тој начин предизвикал вознемиреност на јавноста, соопшти Управата на полицијата на Црна Гора.
Црногорскиот весник „Вијести“ објави дека е уапсен Миливој Брковиќ поради ширење лажни вести за присуство на новиот корона вирус во Црна Гора.
Брковиќ на својот Фејсбук профил напиша дека има информација дека 13 граѓани на Црна Гора се заразени со новиот корона вирус.
Надлежните органи и претставници на Владата на Црна Гора и на Министерството за здравство апелираат до граѓаните да не шират дезинформации и да не предизвикуваат паника.