Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел го прекори унгарскиот премиер Виктор Орбан за неговите зборови дека ЕУ има „милитаристичка“ позиција во однос на Украина.
Мишел рече дека Орбан нема мандат да разговара на оваа тема во име на ЕУ.
„Ротационото претседателство со Европскиот совет нема никаква улога во претставувањето на ЕУ на меѓународната сцена и нема мандат од Советот да заземе позиција во име на Унијата“, напиша Мишел во писмото до Орбан.
Во моментов, Унгарија претседава со Европскиот совет, кој ги претставува земјите-членки на Европската унија.
Претходно Орбан испрати писмо до Мишел во кое го информира за своите неодамнешни разговори со лидерите на Украина, Русија, Кина, Турција и поранешниот американски претседател Доналд Трамп за конфликтот во Украина.