Претседателот Стево Пендаровски на денешната прес конференција во дворот на Вила Водно, рече дека негова проценка е дека избори со редуцирана кампања може да се реализираат.
„Имам голема резерва за самиот ден на избори“, рече Претседателот.
„Ако се одложат изборите на месец или два, тоа нема да биде пропаст на светот, најважно е здравјето на граѓаните. Моја проценка е дека избори со редуцирана кампања како што договорија вчера лидерите на политичките партии може да се реализира, но имам голема резерва за самиот ден на избори. Не сакам да се сфати дека јас сега некому наметнувам решение или некому држам предавање. Сметам дека партиите на следната средба повторно треба да се навратат на ова прашање. Еден милион граѓани гласаат кај нас, имаме 3.000 гласачки места, 5 члена во Избирачките одбори и 5 нивни заменици. На денот на избори имаме гигантска операција за пренос на избирачкиот материјал, па потоа на крајот тој се предава на пребројување“, рече Пендаровски.