Градските власти во Загреб денеска објавија дека со коронавирус е заразено дете кое одело во градинка, пренесе 360 степени.
Поради тоа, одлучено е градинката да не работи во наредните 14 дена, а 119 дечиња да се стават во самоизолација. Истата мерка ќе важи и за 16 вработени во градинката. Во тек е информирањето на родителите за ова и за мерките кои се должни да ги преземат.
Од понеделник и Хрватска ќе ги затвори градинките, училиштата и факултети, објави премиерот Андреј Пленковиќ.
Мерката ќе биде на сила две недели.
Наставниците ќе одат во училиштата, а ако нема кој да се грижи за децата родителите можат да ги однесат да ги згрижат таму, решија хрватските власти.
До сега има 32 заразени.