ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата ја назначи, па по реакциите ја разрешува Афрона Верзиволи од местото главна ревизорка за европските фондови

August 10, 2024 13:52
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Назначената Афрона Верзиволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите, информираат од Владата.

– Ја известуваме јавноста дека назначената Афрона Верзиволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите. Воедно посочуваме дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиов период, а за кој постои и пишан траг и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) кои поради таквото работење побаруваат од државата исплата на неколку милиони евра, брифираат од Владата, пренесе МИА.

Ова следува откако медиумите денеска објавија дека ЕУ ќе испитува дали Владата поставила несоодветна главна ревизорка за Европските фондови и дека не се знае дали новоименуваната Афрона Вервизоли воопшто има лиценца за ревизор.

Реакција стигна и од СДСМ.

„Не запираат скандалозните назначувања на неквалификувани и осудени кадри на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Како што тргнале ќе имаме автентична македонска Монти пајтон Влада која ќе биде биде за потсмев. Најновите кадровски решенија за кои граѓаните се во шок, се новиот директорот на Клиниката за урологија Башким Шабани и главниот ревизор на Ревизијата на претпристапната помош, Афрона Вервизоли. Шабани има судска пресуда од 2020 година со која е виновен дека во 2019 претепал колега, удирајќи го по главата и по телото. Насилници и бивши осудени лица се очигледно главни кандидати за функционери и директори. Второто кадровско решение, Афрона Вервизоли, кое веќе го истражува Делегацијата на ЕУ во Македонија е целосно потценување на позицијата. Со владина одлука, од минатата недела на таа позиција е назначена Афрона Вервизоли која според медиумите нема соодветни квалификации за таа позиција. Според достапните информации, Вервизоли работела на шалтер во банка, а сега ќе треба да биде главен ревизор на претпристапната помош во ЕУ. Ваков напредок во кариерата е можен само во Владата на Мицкоски, а кои се причините должен е да каже тој“, соопштуваат од СДСМ.

Ј. Ѓ.

Tags: Афрона ВеризволиВладаЕУИПАревизор
Next Post

Земјотрес од 6,8 по Рихтер во Јапонија

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk