ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вучиќ се пожали: Невадини организации со многу пари се обидуваат да ме урнат

August 17, 2024 20:17
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека во текот на минатата и оваа година, невладините организации (НВО) во Србија добиле огромни суми пари за неговото уривање, наведувајќи дека станува збор за десетици, па дури и стотици од милиони евра, јави дописникот на МИА од Белград.

-Оваа и минатата година ова се рекордни пари. Огромни пари. Погледнете ја само медиумската содржина и се останато, тоа не се стотици милиони евра, туку милијарди евра. Само пресметајте го тоа, нема да зборувам за сè друго. Во првите шест-седум месеци имате инвестирано 78 милиони евра преку овој невладин сектор, и тоа не во секој невладин сектор, туку во овој многу политички и антидржавно ориентиран, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател кажа дека тоа треба да се евидентира како значајно учество во странските директни инвестиции „бидејќи се работи за десетици, а јас би се осмелил да кажам стотици милиони евра“.

Тој очекува во наредните денови јавноста да биде информирана за тоа како сето ова функционира.

Коментирајќи го тоа што Министерството за надворешни работи на Кина објави дека има докази дека американски служби стојат зад протестите минатата година во Србија, тој порача дека внимателно ќе го проучи и прочита извештајот што беше објавен, но дека сега може да каже дека многу чудни работи се случувале во минатото, како и оваа година.

-Кога прочитавме дел од ова, побарав целосниот извештај да го проучам детално, бидејќи има многу други интересни работи за некои други земји, за некои други субјекти, а јас сакам тоа да го прочитам. Ние внимателно ќе проучиме и прочитаме сè што објави Владата на Кина, како што секогаш читавме што објавува Стејт департментот и што објавува Руската влада. Единствено што можам да кажам е дека имаше многу чудни работи минатата и оваа година, рече Вучиќ.

Вчера Политика во текстот „Кина открива: Америка стои зад обидот на обоената револуција во Србија“ соопшти дека Министерството за надворешни работи на Народна Република Кина објавила детален извештај во кој се анализира работата на американската фондација наречена National Endowment for Democracy.

Извештајот на кинеското Министерство за надворешни работи открива дека под маската на Националната фондација за демократија (НЕД), се спроведува субверзивен пристап на надворешната политика на САД за да се поткопа системот на други земји, преку мешање во внатрешните работи, поттикнување поделба и конфронтација, дезинформирање на јавното мислење и спроведување идеолошка инфилтрација под изговор за промовирање на демократијата.

-Како дел од користењето на „академските“ активности како параван за мешање и инфилтрација во внатрешните работи на други земји, беше посочено дека од почетокот на руската воена интервенција во Украина, преку невладината организација „Белградски центар за безбедносна политика“ (БЦБП), која ја финансира, ги поддржа протестите на прозападните политички структури и организации во Белград и ги критикуваше надворешнополитичките позиции на Србија. Освен тоа, НЕД веќе подолго време подгрева тензии во односите меѓу Белград и Приштина, пишува Политика.

Во врска со обвинувањата од Србија и Русија, Американскиот Стејт департмент соопшти дека секое тврдење дека САД се мешаат во протестите во Србија или дека поддржуваат протестни движења насочени против српската влада е лажно, соопшти денеска Радио Слободна Европа (РСЕ).

-Не сме изненадени што Русија, од друга страна, ги инструментализираше протестите за да ја постигне својата агенда во Србија, како што тоа го прави во целиот свет, се вели во денешната реакција на Стејт департментот за РСЕ.

Реакцијата на САД уследи откако претставници на властите во Србија ги обвинија неименуваните западни земји дека ги поддржуваат еколошките протести против ископувањето на литиум, каде во последните недели се собраа десетици илјади граѓани.

Tags: ВучиќНВО
Next Post
Фото: ЕПА/МИА

Слот стартуваше со победа, Ливерпул го доби првиот официјален натпревар по заминувањето на Клоп

НАЈНОВО

Фото: „Конект“

Добротворна модна акција вечер во Скопје

November 4, 2025
Џоди Фостер и Ентони Хопкинс. Кларис и Лектор во Кога јагнињата ќе стивнат

Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

November 4, 2025

Холандскиот парламент со најголем процент жени-пратенички досега (43%)

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk