Башким Селмани, универзитетски професор во изјава за „Фронтлајн“ вели дека како и секоја друга влада, така и сегашната влада го дели менталитетот на претходните влади.
– Сите влади во минатото и сегашната секогаш ги имаа како основа своите интереси и партискиот менталитет, а не она што е граѓанско. Сите влади го зголемија јавниот долг на највисоко ниво, а сегашната влада наместо да даде приоритет на намалување на јавниот долг, подобрување на животот на граѓаните за да излез од длабоката економска криза – со продолжувањето на проектот Скопје 2014 – наведува дека правата на граѓаните и намалувањето на јавниот долг не се приоритети, туку едноставно проекти за партиски интереси кои не се поклопуваат со реалноста, кога се знае дека Македонија е една од земјите што треба да се потруди да биде поблиску до Европската Унија, која е единственото решение за напредокот на државата, вели Селмани.
Според него, два главни приоритети треба да се како основа: намалувањето на јавниот долг и целата енергија на оваа влада треба да се фокусира во напорите за членството на земјата во ЕУ.
– Сите соседни земји се движат економски, додека Северна Македонија и понатаму останува жртва на историјата. Ова е менталитет кој мора да се промени, но за жал Македонија сè уште има проблем со партискиот менталитет кој не се движи во вистинска насока, нагласува нашиот соговорник.
Д. Јонузи