Лицето Н. А. е рането со три куршуми во пукањето во Автокоманда и во моментов се наоѓа в болница. Фронтлајн дознава дека се работи за пресметка меѓу поранешни партнери во криминалното подземје. Крвавиот настан се случил кај „Агротехна“ што се наоѓа на излез од населбата Ченто кон Автокоманда. Според првичните информации испукани се седум куршуми.
Се дознава дека напаѓачот најверојатно е од криминалната група Беланоце, позната по ликвидацијата на две лица во скопскиот локал „Шиша бар“ во март 2023 година, кога беа повредени и седум лица што се наоѓале во локалот. Осомничените за нападот беа уапсени во полициска акција.
Д. Е.