– Мислам дека не можеме да кажеме дали е загрозен европскиот пат и иднината на државата во овој момент, бидејќи нашиот пат кон Европската Унија се одвива единствено. Проблемот е дали тој пат ќе се одвива со побрз или со побавен интензитет. Во овој момент, следејќи ги сите оние размислувања и гласини на политичарите на ВМРО ДПМНЕ се добива впечаток дека не брзаат многу со европските интеграции, можеби преовладува некој евроскептицизам, недоверба кон Брисел, така што засега мислам дека стоиме во место и дека секако се чека некој поинаков, по погоден момент, изјави за „Фронтлајн“, Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО.
Нашиот соговорник смета дека се пробива едно мислење во рамките на владејачката партија, дека наводно не постојат големи бенефит од членството во Европската Унија.
– Тоа не е прв пат да го чуеме, дури и под официјално од некои политички авторитети на ВМРО ДПМНЕ. Тука емоциите се премногу силни, и мислам дека како да нема желба во рамките на ВМРО ДПМНЕ, да се направи тој исчекор. Европскиот пат и иднина не се загрозени, но за жал стојат во место, подвлече тој.
Д. Јонузи