ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Таравари до Димитриевски: Да го потсетам дека идната година се локалните избори, најверојатно повторно ќе му требаат албански гласови

August 21, 2024 14:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Арбен Таравари, министер за здравство фотографија/ Ариан Мехмети - ЦИВИЛ

Арбен Таравари, министер за здравство фотографија/ Ариан Мехмети - ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

 Нивото на кое што комуницира Максим Димитриевски воопшто не ми се допаѓа и не би сакал да дискутирам повеќе за тоа, вели Арбен Таравари, од коалицијата ВЛЕН, која е дел од Владата, порачувајќи му својот партнер во Владата, лидерот на Движњето ЗНАМ, дека „идната година се локалните избори, најверојатно повторно ќе му требаат албански гласови“.

Прашан за коментар на вчерашната изјава на Максим Димитриевски дека „е погрешно „Вреди“ да го имитираат ДУИ“, Таравари рече дека тоа е во насока на добивање политичко поентирање.

–  Господинот Димитриевски гледам дека сака да поентира за да добива политичка поддршка. Јас го потсетувам дека пред три години беше избран како градоначалник со огромен број албански гласови, идната година се локалните избори, најверојатно повторно ќе му требаат. Нивото на кое што комуницира господинот Димитриевски воопшто не ми се допаѓа и не би сакал да дискутирам повеќе за тоа, изјави Таравари, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција по повод воведување на нови лекови на позитивната листа.

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, прашан во какви односи се со коалицијата ВЛЕН по несогласувањата околу Балансерот, вчера рече дека е погрешно „Вреди“ да го имитираат ДУИ, и дека „ќе мора да направат корекција на самите себеси“.

– Мислам дека нашиот партнер во власта, иако ЗНАМ е партнер со ВМРО-ДПМНЕ во оваа власт и во ниту еден момент ние немаме како политичка партија разговарано за било каква коалиција или заемна поддршка на централно ниво, но, сепак тие се партнер на нашиот партнер, го почитуваме тоа, но, ќе мора да направат корекција на самите себеси. Мислам дека е погрешно да го имитираат ДУИ, бидејќи ДУИ е веќе видена работа и едно минато. Треба да креираме нови политики за економски раст и развој на државата, бидејќи граѓаните веќе не се оптеретени, кој какво знаме ќе вее или кој е поголем заложник за исполнување на некои си наводни национални платформи и стратегии, изјави Димитриевски.

Од КоалицијатаВЛЕН, преку соопштение апелираа ЗНАМ „несвесно да не му тера ќеифови на ДУИ“, порачувајќи дека „не мора да се согласуваме за сите прашања, но мора да се почитуваме со оглед на фактот што сме дел од заедничка Влада, бидејќи тоа е во интерес на сите граѓани без разлика на етничка, верска или политичка припадност“.

Поврзано:

Владините партнери ВЛЕН и ЗНАМ повторно во клинч: Максим вели ВЛЕН да не го имитираат ДУИ, тие му возвратија да не им прави ќеиф на ДУИ

Tags: ДимитриевскиТаравари
Next Post

Преобразбите на ВМРО-ДПМНЕ

Shortcut

Најново

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk