„Берлинскиот е позитивен процес – овозможува поголема подготовка на државите од Западен Балкан на патот кон Брисел“, изјави за „Фронтлајн“, Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО, зборувајќи за регионалната соработка на земјите од Западен Балкан и нивната интеграција во ЕУ.
– Берлински процес е една помошна алатка за помош на државите од Западен Балкан, за економски, социјален и политички процес од една страна, и од друга страна за подобрување на нивните заемни односи. Берлинскиот процес беше најавуван многу помпезно за после неколку години да се маргинализира, а тоа се должеше над се на евроскептицизмот и на европјаните, но исто така и на проблемите со кои се сочуваа земјите од Западен Балкан особено релациите Белград – Приштина, како и состојбите во БиХ и Република Српска. Затоа беше инициран другиот паралелен процес за балканските држави – Отворен Балкан – кој можеби беше погрешно протолкуван од повеќе политичари кои не го прифатија овој процес. Но, Отворен Балкан го анимираше Берлинскиот процес кој придонесе државите од Западен Балкан и оние од ЕУ да почнат што повеќе да иницираат околу овој процес, анализира професорот Ружин.
Тој потенцира дека Берлинскиот процес придонесува кон подобра и појасна преспектива на државите од Западен Балкан.
– Државите од Западен Балкан што се однесува до Европската Унија ќе се примат според системот регато – односно најдобриот прв, па после – по првиот – вториот…, согласно постигнувањата, амбициите, реформите што ги направиле. Берлинскиот е позитивен процес – овозможува поголема подготовка на државите од Западен Балкан на патот кон Брисел, подвлече тој.
Д. Јонузи
Поврзано: