Телевизијата Канал 5 објави прилог на 5 септември 2024, дека во Граѓанскиот суд во Скопје се одржа главната расправа по тужбата за клевета и навреда што Канал 5 и директорот Иван Мирчевски ја поднесоа против Насер Селмани, искусен новинар и уредник, своевремено и претседател на ЗНМ во два мандати, за неговата изјава и вредносен суд во интервју за ЦивилМедиа, објавено на 3 ноември 2023, ден по скандалот во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 во која гостуваше аналитичарот Исмет Рамадани. Да потсетиме, директорот Мирчевски се вклучи во емисијата и грубо го нападна Рамадани, му нареди да си замине од студиото и ја прекина програмата.
По завршување на судското рочиште на 6 септември, пред судот изјава даде само адвокатот на Канал 5, Даниел Ѓеорѓиевски, без притоа да се побара изјава и од Насер Селмани.
Адвокатот Ѓорѓиевски во изјавата за Канал 5 вели дека побарал од Селмани јавно да се извини пред камерата на Канал 5, при што тоа барање било одбиено, додавајќи дека „тужениот (Селмани) не доставил никакви докази за она што го кажа, а товарот на докажување согласно законот за парнична постапка е на негова страна, судот тоа секако ќе го цени и ќе го има во предвид кога ќе ја носи одлуката“.
Селмани во изјава за ЦИВИЛ Медиа вели дека по рочиштето телевизијата објави прилог во кој нема изјава од него, додавајќи дека со овој непрофесионален начин на известување, телевизијата се обидува да врши притисок врз судот сугерирајќи ја пресудата и злоупотребувајќи ја телевизијата за пресметка со неистомисленици доведувајќи ги во заблуда гледачите преку тенденциозно известување.
„Минатата недела бев на суд бидејќи сум тужен за клевета од Телевизијата Канал 5 и нејзиниот управител Иван Мирчески. Искрено, судењето заличуваше на театар на апсурдот. Агресорот невешто се обидуваше да ја глуми улогата на жртва. Управителот Мирчевски, истиот тој што безобразно и дрско пред целата македонска јавност сакаше да го избрка од ТВ дебата Исмет Рамадани, а откако не успеа, побара од водителот да ја прекине емисијата, преку тужба за клевета против мене се обидува да се искапе пред јавноста за навидениот скандал“, вели Селмани во изјава за ЦивилМедиа.
Тој додава дека со директното и непримерното мешање во работата на новинарите, Мирчевски грубо ги прекрши најголемиот број на начелата за работата на радиодифузерите предвидени за Законот за аудуио и аудиовизуелни медиумски услуги.
„Во тие начела законат бара од радиодифузерите да негуваат и развиваат хумани и морално вредности, а јасно е какви вредности промовираше Мирчевски кога побара да се избрка од програма гостинот, кој по нивно барање учествуваше во емисијата. Освен тоа, од радиоифузерите законот бара да го почитуваат принципот на еднаквост на слободите и правата на граѓаните, а со бракање на Рамадани, Мирчевски ги пркрши правата на гостинот без легитимни причини. Дури и да имаше говор на омраза, а немаше, одгворноста на водителот е само да го потсети гостинот дека неговиот исказ може да биде говор на омраза, но во никој случај нема право да ја прекине емисијата, а уште помалку тоа да го прави по барање од управителот“, изјави Селмани за ЦивилМедиа.
Понатаму, Селмани потенцира дека со бркањето на Рамадани и прекинување на емисијата Мирчевски брутално ги прекрши начелата за толеранцијата, взаемното почитување и разбирање што се и законска, освен морална и професионална обврска.
Дополнително, законот бара потикнување на духот на толеранцијата, взаемното почитување и разбирање, а со бркање на Рамадани и прекинување на емисијата Мирчевски брутално ги прекрши овие начела. Уште поважно, Канал 5 и Мирчевски го прекршија најексплицитното начело дека при вршење на дејноста, програмите ќе бидат отворени за различни мислења и за изразување на различни култури. Со прекинување на програмата телевизијата покажа дека не дозволува различно мислење во нивните програми и не води сметка за различни култури“, вели Селмани во изјавата за ЦивилМедиа.
Тој вели дека најважно од сè, беше прекршено начелото дека радиодифузерите почитуваат самостојност, незавинсот и одговорност на уредниците и новинарите при креирање на програмата и на уредувачката политика.
„Со сакандалозното прекинување на емисијата, управителот направи упад во независноста и самостојноста на работата на водителот на емисијата и на одгорворниот уредник. Впрочем, Мирчевски не може да се сети ни на неговото име. Имено, новинарската независност и независната уредувачка политика од менаџментот го гарантира и Законот во медиуми, кој во член 8, став 3, недвосмислено утврдува дека исклучиво одговорниот уредник ја води реализацијата на содржините што се објавуваат“, вели Селмани.
Селмани потенцира дека изјава за ЦивилМедиа, поради која е тужен, беше предизвикана од скандалозното однесување на Мирчевски и на телевизијата, со цел да го објасни и да му даде контеткст на иницдентот, а во никој случај немал намера да клевети некого. Тој објаснувал зошто се случуваат вакви злоупотреби во медиумите и сакал да го осуди овој тежок атак врз слободата на изразување и на слободата на медиумите за да не се повтори во иднина.
„Оваа тужба е еклатантен пример како некои центри на моќ се обидуваат да им затворат уста на јавни личности, но за жал овој пат избрале лош таргет за демонстрација на моќ. Јас ја добив првата пресуда за слобода на изразување во Стразбур, а нема да ми биде проблем да трчам уште еден маратон за да потврдиме дека државата Северна Македонија не извлекува поука од изгубените пресуди за прекршување на слободата на изразување и дека продолжува да ги крши слободите и правата на сопствените граѓани“, категоричен е Селмани.
Да потсетиме, манипулативен прилог на Канал 5 во обид да се врши притисок врз судот, веднаш по завршување на судското рочиште по тужбата на Канал 5 и управителот Иван Мирчевски против Џабир Мемеди Дерала и против ЦИВИЛ на 17 мај 2024 година. По завршување на судското рочиште на кое сведочеа Исмет Рамадани за одбраната и новинарот Алаксандар Видиновски за тужителите, пред судот изјави дадоа адвокатот на Канал 5, Ѓеорѓиевски, директорот Мирчевски и новинарот Видиновски. Но, затоа ТВ камерата не пропушти да го зумира тужениот Дерала, без притоа да му побара изјава. Оттаму произлезе и ставот:
Во судница тужат, а надвор од неа и му пресудуваат на Џабир Дерала!
Како тоа? Нормално, во знак на „професионалното новинарство и слободата на изразување“ новинарот на Канал 5 не побара изјава од Дерала, Рамадани и адвокатката на ЦИВИЛ, туку само фатија неколку видео инсерти како излегуваат од судот. И… Си дадоа изјава самите на себе.
Во овој случај, се работи за чиста злоупотреба и инструментализација на целата телевизија за да се манипулира јавноста и да се изврши притисок врз судот, со еднострано, тенденциозно и манипулативно известување. Истот го повторија и со Селмани.
Да потстетиме. Канал 5 и директорот Иван Мирчески, го тужат главниот уредник на медиумската платформа на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, за навреда, клевета и говор на омраза поради колумната со наслов „ИНЦИДЕНТ ВО „САМО ВИСТИНА“ НА КАНАЛ 5: Само уште една неславна епизода во дејствувањето на антидемократските инсталации. Колумната е е напишана по повод крајно непрофесионалниот, противзаконски и неетичен вербален напад од Мирчевски кон реномираниот интелектуалец и експерт Исмет Рамадани, при што грубо го избрка од студиото и ја прекина емисијата „Само вистина“.
Во име на „слободата на говор, слобода на изразување и нецензура“ новинарот на ЦивилМедиа, Дехран Муратов, им се извини на директорот на Канал 5, Иван Мирчевски за текстот: Случај Мирчевски, Канал 5: Груба инструментализација на телевизијата, притисок врз судот, едностраност, говор на омраза и лажни наративи, во кое според барањето за извинување стои дека во текстот се изнесени клеветнички изјави кон Канал 5 и Мирчевски.
Дехран Муратов / Цивил Медиа