ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Светиот Синод на ГПЦ денеска на вонреден состанок ќе одлучува за работата на црквите

Сакаме да ги избегнеме масовните собири, а особено масовните собири на луѓе кои по дефиниција се ранливи. Бидејќи вистината е дека поголемиот број верници кои ги посетуваат црквите, се пред сѐ стари лица, и тоа треба да го имаме предвид.

March 16, 2020 15:44
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На вонреден состанок, Светиот Синод на Грчката Православна црква ќе ја разгледа актуелната ситуација со корона вирусот во Грција и се очекува да донесе одлука за литургиите во црквите, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик- портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека Кирјакос Мицотакис во петокот имал телефонски разговор со Архиепископот Јеронимос и побарал да се одложат литургиите.

-Светиот синодот ќе одржи состанок, ги очекуваме одлуките на црквата. Во секој случај ќе направиме сѐ што е потребно, рече Пелони.

Лидерот на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас, денеска, неколку часа пред состанокот на Синодот на ГПЦ имал телефонски разговор со Архиепископот Јеронимос и, како што соопштуваат од партијата, „го охрабрил да преземе иницијативи за црквата со нејзиното однесување и дело да придонесе во заедничкиот обид на целото грчко општество за ограничување на ширењето на корона вирусот“.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку вчерашното интервју за весникот „Прото тема“, уште еднаш истакна дека она што важи за собирите, важи и за црквите.

-Сакаме да ги избегнеме масовните собири, а особено масовните собири на луѓе кои по дефиниција се ранливи. Бидејќи вистината е дека поголемиот број верници кои ги посетуваат црквите, се пред сѐ стари лица, и тоа треба да го имаме предвид. Затоа, како премиер, морам да ги предупредам за оваа опасност и да им кажам дека она што важи за собирите, очигледно важи и за црквите, рече Мицотакис.

Грчкиот Архиепископ Јеронимос, во петокот, во писмената изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА истакна дека црквата нема ниту мерач на верба, ниту регистрира присутност и рече дека грчката „црква никогаш не застана против науката и никогаш не се обиде да ја замени“.

Минатиот понеделник, Светиот синод на Грчката православна црква во излезе со соопштение во кое рече дека „причестувањето не може да биде причина за пренесување на болести“.

И покрај ригорозните превентивни мерки за заштита од корона вирусот во Грција и препораките да се избегнуваат простори во кои се собира народ, сепак на вчерашните неделни литургии, во голем дел од црквите во Грција имаше верници.

Next Post

(ВИДЕО) Заев: Мерките кои што се преземени кај нас дури и предничат од оние земји што имаат прогласено вонредна состојба

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk