Во Албанија, од денеска по 18,00 часот, се забранува движење на граѓаните пеш по улици седење по паркови и на друг јавни површини, во спротивно ќе следуваат казни.
Информацијата ја објави премиерот Еди Рама, кој додава дека од утре ќе почнат да се применуваат и казните.
„Почнувајќи од денеска, секој ден по 18,00 часот ќе биде забрането движење на целата територија на Република Албанија! Од утре, по наредба на министерот за здравство, ќе стапат во сила казни за пешаци и за оние кои седат во паркови или на други отворени места,“ пишува Рама.
Извинувајќи се, Рама додава дека нема друг начин „да се победи оваа војна“ и нагласува дека „шетањето не е од витално значење во време на војна“.
„Извинете 1.000 – пати, но нема друг начин да се победи оваа војна, каде никој освен оние што служат во критичните структури на државата и оние што работат во основните ланци на економскиот ланец на земјата, не мора да излегува од дома освен за потребите за снабдување со храна или лекови!Шетањето не е неопходна потреба во ова време на војна а седењата во парковите се недопустливи! Пцујте ме и мајтапете се со мене колку што сакате, нема никаков проблем, но не дискутирајте и уште полошо, не ги кршете правилата!“ наведува Рама.
„Страв ни најмалку, но внимателност да! До крај!“,напиша Рама.
Во Албанија денеска потврдении се 9 нови случаи на заразени со корона вирус, меѓу нив еден лекар и три медицински сестри, со што бројот се зголеми на 51 лице.