ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Величковски за Фронтлајн: Брисел ја пресретна намерата на Владата на Мицкоски – ЕУ нема нови обврски за Северна Македонија

September 20, 2024 19:00
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателката на Европската комисија – Урсула Фон дер Лајен, по средбата со балканските лидери во Брисел, изјави – „земјите од Западен Балкан ѝ припаѓаат на Европа и работиме на тоа, а паралелно, ги доближуваме нивните економии и пазари до нашите“.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, побара процесот на интегрирање во рамките на Европската Унија да се темели на постигнувања, а не на билатерализација, односно на билатерални прашања.

„Интеграцијата во Европската Унија треба да биде процес во кој одлучувачки фактор ќе бидат постигнувањата, а не билатералните прашања, бидејќи ние повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми и за нас е неприфатлив принципот „тие се таму, а вие сте надвор“, порача Мицкоски во Брисел.

Ивон Величковски – лидер на Движењето за нова република, поранешен пратеник и лидер на Либералната партија вели дека сите пораки на премиерот се познати и во Брисел и во Скопје. Затоа, очекувано, потенцира нашиот соговорник, тој даваше изјави за домашните медиуми, но нема изјава од негов соговорник.

– Едноставно, Брисел ја пресретна намерата на Владата на Мицкоски да ја искористи посетата за домашна агресивна анти-интегративна пропаганда и стави до знаење дека ЕУ не остапува од познатото: ЕУ е нема нови обврски за Северна Македонија, Скопје преговара со Брисел, патеката е договорена: дополнување на Преамбулата и продолжување на преговорите. ЕУ го дебилатеризираше спорот меѓу Скопје и Софија токму со Преговарачката рамка и „францускиот предлог“ и ова ги ужаснува и Мицкоски и Муцунски и Силјановска-Давкова и ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, токму уставните дополнувања не се дел од билатерален спор туку обврска на Северна Македонија на патот кон ЕУ. Но, на овие интервенции во Преамбулата ние гледаме првостепено како постигнување на граѓанска рамноправност на сите етнички заедници во земјата и засилување на нацијата на Северна Македонија, а ако сакате да зборуваме сегментирано – и на македонскиот народ и на сите други народи во неа, вели Величковски во изјава за „Фронтлајн“.

Според него, кочејќи ги уставните измени ВМРО-ДПМНЕ ги саботира (перспективите на) македонскиот народ за кој вели дека го „штити“ и нацијата на Северна Македонија во целост.

– Во отсуство на резултати на Владата и при вака обемен Пи-ар, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се свесни за опаѓањето што им се случува во четвртиот месец од владата и знаат дека во вака стеснет маневарски простор имаа две опции: да признаат дека целата предизборна кампања им била фалшива, но да го водат евро-интегративниот процес или да го „копаат ровот сè подлабоко“ кочејќи ги интеграциите на Северна Македонија. Сега за сега, нивниот избор е второто. Едноставно, Мицкоски ќе се движи по прирачникот на Груевски: оддалечување од интеграциите надвор, меѓуетнички тензии дома. Сетете се на ставовите на Груевски, на пр. пред Чикаго 2012, дека „НАТО се води од двојни стандарди“ и на се она што се случуваше во доменот на меѓуетничките односи. Споредете го сега Мицкоски со критиките на „правилото на еден глас“ што го оценува како „ултиматум“ и гледајте како се врши упад во меѓуетничките односи со суспендирањето на „балансерот“, анализира Величковски.

Нашиот соговорник предвидува дека ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски ќе инсистира на позиционирање на земјата како „жртва“ – затоа што е решен да го закочи процесот.

– Споредете ги позициите на Мицкоски со изјавата на Рама: „Отидов во Брисел да им кажам дека Албанија е подготвена да направи се за да ја придвижи земјата кон полноправно членство“ и јасно е дека Владата на Северна Македонија оди на одвојување од пакетот за преговори со Албанија, а Владата на Албанија е подготвена самостојно да продолжи во интеграциите. Свесни за ова, предвидливо е дека ВМРО-ДПМНЕ (сосе ЗНАМ) ќе ги кочат уставните дополнувања, но сите знаат дека тоа е можно само додека ВЛЕН им дава поддршка во правецот и позициите, подвлече тој.

Поврзано: 

„Билатералните спорови“ на Мицкоски – фрлање прав само да не зачекориме на патот кон ЕУ

Tags: бугаријаЕУИвон величковскиХристијан Мицкоски
Next Post

Зоран Иванов за Фронтлајн: Барањата на Мицкоски за „гаранции“ се политичка утка и фрлање прав за да не зачекориме кон ЕУ

НАЈНОВО

Шкендија вечерва против бугарски Лудогорец во реванш плејофот во Лига Европа

August 28, 2025

Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

August 28, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Шок за Манчестер јунајтед, елиминиран од четвртолигашот Гримсби Таун во Лига купот

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk