ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Наврат: НАТО останува посветено на одржување на безбедноста и стабилноста во Косово и регионот

October 2, 2024 15:21
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на советодавниот тим за врски на НАТО, Кристијан Наврат, изјави дека Алијансата останува посветена на својата улога во поддршката на безбедноста и стабилноста во Косово и целиот регион, јави дописникот на МИА од Приштина.

На годишната конференција на Безбедносните сили на Косово (ФСК), „ФКС и партнерите 2024“, Наврат порача дека НАТО ќе помогне на ФСК да ги зголеми своите капацитети, трансформирајќи се во мултиетничка сила.

„НАТО останува посветена да ја игра својата улога во поддршката на безбедноста и стабилноста во Косово и во целиот регион. Работиме, но има уште многу да се направи во овој мандат. Со нудење на нашите совети како мултинационален тим врз основа на мандатот на ФСК, ние играме единствена улога меѓу меѓународниците кои ја поддржуваат ФСК. Нашите сојузници остануваат на истата цел, да ја поддржат ФСК да создаде сила способна да обезбеди можности на поединци без разлика на полот и етничката припадност“, рече Наврат на конференцијата во Приштина, на која учествуваат претставници на Министерството за одбрана и на Безбедносните сили на Косово, како и амбасадори и воени аташеа од сојузничките земји.

Амбасадорот на Италија во Косово, Антонело Де Риу, упати честитки за професионалноста на ФСК и нагласи дека оваа сила ги избегнала сите провокации и реторики кои би можеле да доведат до ескалација на ситуацијата по нападот во Бањска на северот на Косово во септември минатата година.

„Има предизвици, особено ова последното прашање со Русија и оние лоши намери на Србија во Косово, и тие бараат исклучителен пристап. Многу е суштинско ова да се реши и подигањето на персоналот на КФОР за контрола на границата беше многу клучно. Исто така, во врска со минатогодишниот напад кој го изврши паравоена група, во тој случај ФСК покажа вистинска професионалност, избегнувајќи ги сите провокации и реторики што можеа да доведат до разни ескалации“, рече Де Риу.

Според него, многу е важно да се создаде дијалог и ова прашање да се реши преку дијалог и соработка со меѓународната заедница.

„Во овој контекст, НАТО и членките на Квинта се подготвени да го олеснат дијалогот и да најдат решение за прашањата кои се уште не се решени. Очекувам да се направи пристап на соработка со кој сите страни ќе можат да ги поминат овие предизвици“, рече Де Риу.

Амбасадорот на Велика Британија Џонатан Харгривс изјави дека Обединетото Кралство е задоволно од напредокот на ФСК.

Тој се заблагодари на косовските безбедносни сили за поддршката што ја даваат за Украина и стабилноста во Европа, додавајќи дека ФСК е на пат кон интеграција во безбедносните институции на високо ниво.

„Велика Британија е многу среќна и задоволна од напредокот на ФСК, за да се осигура дека ФСК е професионална, инклузивна и одговорна. Ние сме многу задоволни од нашата улога овде и таа е многу важна за регионалната стабилност. Оваа година особено не радува поддршката што ФСК ја пружи за Украина и стабилноста во Европа. Како што слушнавме и ќе слушаме, ФСК постигна извонредни достигнувања за кои ви честитаме. ФСК е сè уште на пат за создавање вештини и нивно зајакнување, а исто така и на патот на евроатланските интеграции, што ние целосно го поддржуваме“, рече Харгривс.

Tags: КосовоНавратНАТО
Next Post

Таравари: „Вреди“ ќе направи сè за шест месеци да почнат преговорите со ЕУ

Shortcut

Најново

Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk