ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

И јас сум тажен за Северна Македонија

October 16, 2024 15:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ

Владата и лидерите на политичките партии, наместо да се радуваат на почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, вчера на својот сопатник Република Албанија ѝ посакаа среќа за продолжувањето на патот кон Брисел.

Од друга страна, единствен кој го оплакуваше Скопје за оваа историска стагнација беше албанскиот премиер Еди Рама. „Тажен сум за Северна Македонија“ – рече тој.

Овој негов крик, колку што е подршка, е и навреда за нашата земја, која за многу банална работа, воведувањето на една заедница во преамбулата на Уставот – го „блокира“ патот што ја носи Северна Македонија – на економски развој, социјална кохезија, поквалитетен правосуден систем и поголема внатрешна демократија.

Додека Албанија продолжува по својот пат, ние како држава остануваме во место. Северна Македонија нема да постигне напредок во процесот на пристапување и ќе остане во „статус кво“, каде што беше во јули 2022 година. Преговорите на Северна Македонија со ЕУ не се очекува да продолжат без да се заврши процесот на уставни измени. Сепак, тоа не значи дека треба да се занемарат и другите процеси, како што е Планот за раст и другите реформи.

Владата на Мицкоски очигледно го нема интеграциското прашање на агендата на нејзините приоритети, се чини дека средбите со Орбан и унгарските заеми им се поголем приоритет од ЕУ.

Затоа, дури и неговата идеја за нови разговори со официјална Софија е апсурдна, од причина што тоа е само изговор за да се избегне од реалниот пат за интегрирање на земјата во ЕУ.

Северна Македонија го прифати францускиот предлог како дел од преговарачката рамка за членство и за него не може повторно да се преговара, но мора да се исполни за да може земјата да оди напред без пречки. Скопје има тажна историја од националистичката влада на Никола Груевски во однос на Грција и последиците што земјата ги имаше од оваа политика и на геополитички план и на внатрешен финансиски. Затоа, секое пешачање по оваа патека би била втора грешка.

Албанија сама влезе во овој пат и потоа се најде, малку напред па многу позади, па сега пак е пред нас. Додека тогашната Македонија во тоа време и сегашната Северна, беше многу пред Албанија, а сега не е.

Патот кон ЕУ е индивидуална патека за секоја земја и никој не е спарен со никого засекогаш затоа што постои само еден пар врска, а тоа е врската со Европската Унија.

Постои огромен јаз помеѓу западното преправање на нашата влада и нејзините незападни постапки. Ова нашата земја го плаќа многу скапо: стагнација, политички и економски последици, изолација…

Посадувањето зла идеја е најголемото злосторство што може да се направи врз едно општество, а да се биде рамнодушен кон оваа глупост се нарекува соучесништво во подмолно соживот со злото.


Текстот е личен став на Авторот. Извор: Фронтлајн

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: атинаБриселДестан ЈонузиЕУСкопјеСофијаТирана

НАЈНОВО

Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Најскапиот платен метар квадратен за стан во Србија чинел11.668 евра во Белград на вода

May 17, 2025
Фото: ВИ

Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски в понеделник

May 17, 2025

(ФОТО) „Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССНМ: Оценките на претседателката Сиљановска Давкова за работата на новинарите се непримерни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk