Двајца поранешни сопартиици, сега поделени на две крила, едниот со владината коалиција ВЛЕН, а другата со европскиот опозициски фронт, Зиадин Села и Арбен Таравари, имаат различни мислења за евентуалните предвремени парламентарни избори.
Додека Зиадин Села смета дека во Северна Македонија ќе има предвремени избори, Арбен Таравари ја отфрла таа можност.
…нека гледаат соништа со кралот, дека ќе продолжат, дека ќе владеат и дека нема да има предвремени избори, но мислам дека ќе има предвремени избори, рече Села.
Од друга страна, Арбен Таравари ја отфрли можноста за предвремени парламентарни избори заедно со локалните.
Таравари рече дека ќе му посака и на Европскиот фронт: „Среќна Нова година и ќе победат на локалните избори“.
Следните локални избори се очекува да се одржат есента 2025 година.
Д.Јонузи