Бројот на лица заразени со новиот корона вирус во Словенија се зголеми на 286, информираа од Институтот за јавно здравје.
Како што соопшти дописникот на МИА од Љубљана, меѓу новозаразените е и медицинско лице во Центарот за трансфузиологија при Универзитетскиот клинички центар во Марибор. Најголем дел од заразените се на возраст меѓу 30 и 49 години, од кои 149 се жени, а 137 машки.
Словенечката Влада одлучи, како превенција од ширење на корона вирусот да го огранични јавното собирање на најмногу пет лица. Од Министерството за внатрешни работи најавија дека таа мерка строго ќе се контролира, а за тие што нема да ја почитуваат одлуката ќе следуваат високи казни.
Одлуката според министерот за внатрешни работи Алеш Хојс ќе почне да се применува од денеска.
Досега како последица од Ковид-19 во Словенија почина едно лице.