ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Платформата за родова еднаквост реагира на дискриминаторските политики на МОН

November 1, 2024 10:40
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Платформата за родова еднаквост најостро реагира на предлогот на Министерството за  образование и наука за Закон за изменување и дополнување на Законот за основно  образование во кој го промени членот за заштита од дискриминација на начин што ги отстранува дискриминаторските основи род, сексуална ориентација и родов идентитет. Со загриженост реагираат и на постапката на Министерството со која во  Предлогот ја отстранило родовата еднаквост, заменувајќи ја со зборовите „еднакви  можности“.  

„Овој чекор не претставува преседан. За жал, сексуалната ориентација и родовиот идентитет  не се вметнати како дискриминаторски основи ниту во Предлог законот за средно образование. Со овие одлуки МОН постапува спротивно на Законот за спречување и заштита од  дискриминација кој ги содржи дискриминаторските основи род, сексуална ориентација и  родов идентитет и кој налага законодавството да се усогласува со овие одредби“, велат од платформата.

Платформата за родова еднаквост смета дека оваа постапката на Министерството праќа  јасна порака дека одредени групи не се заштитени од дискриминација, дури ни во  најсензитивните области, како што е образованието. Законот за основно образование се  менува со цел да спроведе пресудата на ЕСЧП- Елмазова и други против Северна  Македонија, со која требаше да се донесат законски измени за да се спречи сегрегацијата  на Ромите во основното образование. Платформата за родова еднаквост ја поздравува и  поддржува првичната намера за измена на Законот, но реагира на искористувањето на  една доблесна иницијатива за озаконување на дискриминацијата, и користење на истата  како параван за охрабрување на дискриминацијата врз основа на род, родов идентитет и  сексуална ориентација, како и за одржување на родовите стереотипи, насилство и  нееднаквост. За жал, констатираме дека ваквата постапка не враќа пред 1946 година, и  води единствено кон зацврстување на патријархалното насилство и континуираното  исклучување на најранливите деца.

„Оваа постапка претставува најгрубо кршење на правата на децата, како и директно загрозување на нивниот ментален и физички интегритет. Кога институциите системски ќе исклучат и избришат одредени групи ученици, тогаш тие директно даваат сигнал дека се охрабрува понатомошното исклучување и опресија во општеството на овие групи. Дополнително, ваквите постапки им даваат сигнал на агресорите, од коишто жените, девојчињата и ЛГБТИ+ учениците трпат постојано насилство, дека нивните постапки се само продолжеток на тоа како институциите ги третираат овие групи, нормализирајќи го нивното насилство“, реагираат од платформата за родова еднаквост.

„Потсетуваме дека МОН има обврска да го усогласува законодавството со Законот за  спречување и заштита од дискриминација, што подразбира дека сите дискриминаторски  основи помеѓу кои родот, сексуалната ориентација и родовиот идентитет треба доследно  да бидат вметнати“, апелриаат од платформата за родова еднаквост.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Буџетот не е чекмеже: За да се земат пари, треба и да се стават – за да има што да се земе

НАЈНОВО

Исламски џихад се согласува со ставот на Хамас за планот на Трамп за Газа

October 4, 2025
Фото: Priyanka Puvvada / Unsplash

Њујорк е град со најмногу милионери во светот и со 66 милијардери

October 4, 2025

Румена Бужаровска и Билјана Црвенковска во книжевниот избор „Штефица Цвек“ за 2025 година

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk