ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трајановски за договорот „Бехтел и Енка“ сега вели – Нормално е да прифатиме нешто што е веќе договорено

November 5, 2024 08:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски за прифаќањето на договорот со „Бехтел и Енка“, од страна на актуелната власт која како опозиција го критикуваше, вели дека е нормално да прифатат нешто што веќе е договорено и за што е донесен специјален закон во Парламентот.

– Сосема е нормално нешто што е договорено, ние да го прифатиме со оглед на тоа што беше донесен специјален закон во Парламентот на Република Македонија.,Дадени се големи пари за „Бехтел и Енка“, некаде 227 милиони евра за аванс, подготовка, пред да дојдам за директор. Сепак, влеговме во една финансиска обврска и сметаме дека е подобро да се преиспитаме дали може проектот да го ставиме на брза лента, да не плаќаме пенали, да се ангажира „Бехтел и Енка“ со целокупната нивна машинерија за да се заврши овој проект и видливи се резултатите во последните три месеци, вели Трајановски во интервју за „360 степени“ на МРТ.

Во однос на критиките што ВМРО-ДПМНЕ ги упатуваше како опозиција за овој проект, Трајановски вели тие биле по неколку основи – од фактот дека зад договорот не стои ниту една банка, до плаќањето пенали кон „Бехтел и Енка“ оти од претходната влада не бил испочитуван шестмесечниот рок за реализирање на обврските што ги презела државата, како што се експропријација и деминирање.

Вели дека се откочени одредени процеси и дека во наредните четири години ќе бидат завршени автопатите од коридорите 8 и 10-д.

– Откако успеавме одредени процеси да ги откочиме, одредени неопходни работи да почнат да работат, веќе сме во предност. Прилеп – Битола некаде би требало да биде две до две и пол години, да речеме за три максимум да биде завршен. Слична е ситуацијата со Тетово – Гостивар, а Гостивар – Букојчани можеби една година плус. Така што, тоа ќе бидат роковите, вели Трајановски, додавајќи дека претходната власт бавно ја работела експропријацијата.

Според Трајановски, се разгледуваат начини за ревидирање на договорот за надзор над изградбата на автопатите од „Бехтел и Енка“, кој го доби конзорциум предводен од италијанската компанија „ИРД инженеринг“. Смета дека една од опциите е во надзорот да се вклучи уште една компанија која ќе биде со светско реноме.

– Неколку пати разговарав со „ИРД“. Ако мене лично ме прашувате, јас не сум задоволен од тоа колку пари им се плаќаат врз основа на тоа што го сработуваат. Меѓутоа, тоа е договор што е потпишан и ние сега гледаме начини дали би можеле тоа да го ревидираме. Го викнав одговорниот на „ИРД“ и му реков за конкретна секција, бидејќи ништо не се работи, а во предлогот имаат предложено и ние плаќаме 12 луѓе. Таму 12 луѓе немаат работа, имаат четири до пет луѓе. Во дргата делница слично, во третата делница слично, наведува Трајановски.

На новинарско прашање дали има репреговарање на договорот, Трајановски вели дека тоа прашање треба да биде адресирано лично до премиерот, но според информациите со кои располага, дека се преговара на високо ниво.

Во однос на трајноста на договорот потпишан со „Бехтел и Енка“ што исто така тогашна опозиција го критикуваше, Трајановски вели дека иако тоа е обврска на Владата, тој мисли дека во моментов се разговара за тоа кои делови од документот да бидат јавно достапни и оти има одредено померување.

Tags: „Бехтел и Енка“Коце Трајановски
Next Post

Наутро студено, во текот на денот сончево

Shortcut

Најново

Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk