Албанија продолжува со рекордна посетеност од странски туристи, што го потврдува бројката од 10,4 милиони, што е на исто ниво како цела мината година.
-Албанија го собори рекордот од 2023 година по бројот на странски туристи кои ја посетиле нашата земја. Во периодот јануари-октомври престојувале 10,4 милиони туристи или 16,2 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година, што значи дека станува се попосакувана туристичка дестинација, објави Мирела Кумбаро, министерка за туризам и животна средина.
Според податоците на Министерството за туризам и животна средина, во месец октомври земјава ја посетиле 761 илјада странски посетители или за 9,3 отсто повеќе од октомври 2023 година.
Пред неколку дена Светската туристичка организација во Глобалниот барометар ја рангираше Албанија на прво место во Европа и на второ место во светот, по Кипар, според стапката на раст на странски посетители. Овој ист барометар ја класифицира Албанија како прва во однос на порастот на приходите од туристичкиот сектор во однос на периодот пред пандемијата.
На крајот на октомври, познатиот магазин „Wanderlust“ и додели на Албанија сребрен медал како најпосакувано место за посета на туристите, преку гласање на британските читатели.