ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Приватните стоматолози бараат МЗ да донесе одлука за прекин на работата на стоматолошките ординации

Станува збор за докторите стоматолози и останатиот здравствен персонал кои ќе работат во „дежурни амбуланти“ потребно е тие да се екипираат независно од тоа во која ПЗУ се законски вработени. Тоа значи дека сите доктори и целиот здравствен персонал се на располагање

March 19, 2020 13:05
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина преку соопштение го повикува Министерството за здравство да донесе одлука за привремено прекинување на работата на стоматолошките ординации во државата, да одреди соответен број на ПЗУ во секоја општина кои ќе бидат надстандардно опремени со заштитна опрема за заштита од заразата, а исто така и кадровски екипирани, за да можат стручно и ефикасно да одговорат при потреба од интервенција во сите случаеви.

Посочуваат дека кога станува збор за докторите стоматолози и останатиот здравствен персонал кои ќе работат во „дежурни амбуланти“ потребно е тие да се екипираат независно од тоа во која ПЗУ се законски вработени. Тоа значи дека сите доктори и целиот здравствен персонал се на располагање.

На овој начин, наведуваат од Здружението, најголемиот број здравствени работници од стоматолошкиот систем ќе биде ставен во резерва, а и заштитен од непотребна изложеност на заразата.

Со тоа што ќе останат дома, а нема реална потреба да бидат на работното место и како граѓани ќе придонесуваат за намалување на можноста од ширење на заразата. Исто така ќе ги штедат матерјалните ресурси на ПЗУ, нема да се создаваат непотребни трошоци и тоа во услови кога приходите ќе бидата драстично намалени. На овој начин ќе биде сочуван стоматолошкиот персонал, а како здравствени работници стојат на располагање на Министерството за здравство да бидат вклучени во било која друга мисија на заштита согласно со нивната стручна подготвеност, истакнуваат од Здружението.

Предлагаат Фондот за здравствено осигурување да ја разгледа можноста за солидарана месечна исплата во сите ПЗУ за време на кризните месеци и додека трае кризата со епидемијата да биде спречена можноста за промена на матичните стоматолози. Апелираат до претседателот на групата за криза во Стоматолошката комора да се приклучи кон оваа препорака.

Next Post

Во Грција родено првото бебе од мајка позитивна на корона вирусот

Најново

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Викенд хороскоп со Анаис: Експанзија на срцето под сјајот на Лавот (25-26 април 2026)

April 24, 2026

Нападите од Трамп и Русија ја обединија Италија зад Џорџа Мелони

April 24, 2026

Македонија е избришана од агендата на ЕУ

April 24, 2026
Фото: Фронтлајн

СДСМ бара итно запирање на сите градежни активности во Кисела Вода по трагедијата на градилиштето во која загина едно лице а 4 се повредени

April 24, 2026

Тошковски од Атина: Заеднички и координиран одговор на криминалот и тероризмот – зајакната соработка со Грција

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk