Македонската дипломатија денеска добива круна, објави на Фејсбук поранешниот премиер Зоран Заев, во честитката до Радмила Шекеринска за назначувањето за заменик генерален секретар на НАТО.
– Назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО е признание за нејзините професионалност, посветеност и визија за демократски и безбедни општества, но е признание и за сите наши домашни и меѓународни напори да обезбедиме мир, стабилност и интеграција со современиот демократски свет.
Ова е доказ дека Северна Македонија е исклучително важна членка на НАТО.
Честитки Радмила!, напиша Заев.